Во лежерна атмосфера, со музика во летен ритам, се дружеа партнерите, предавачите и пријателитена фестивалот, а се појавија и добро познати лица од хрватската сцена како Зоран Шпрајц, Андреа Андраси, Ида Престер, Мирна Зидариќ и Хрвоје Крешиќ. На настанот беа претставени новите програмски сегменти, клучни говорници и изненадувања што го прават Weekend.18 неизбежен настан за крајот на летото.

„Weekend одамна не е само фестивал. Денес тоа е платформа што секоја година расте, затоа што публиката, индустријата и времето во кое живееме бараат повеќе – повеќе знаење, повеќе инспирација и повеќе можности за поврзување. Затоа годинава носиме шест фестивалски програми што ги следат интересите и потребите на нашите учесници: од комуникации и медиуми, преку вештачка интелигенција, човечки ресурси, финансии и инвестиции, па сè до енергетски теми. Го славиме полнолетството на фестивалот, но најмногу нè радува што Ровињ повторно станува место каде се среќаваат идеи што носат промени и каде секогаш се забавуваме,“ истакна Томо Рицов, директорот на Weekend.18.

Големи имиња на сите Weekend сцени

Ова издание на Weekend.18 носи богата програма со теми, разговори и говорници што инспирираат, ги поместуваат границите и отвораат нови прашања. На сцените ќе се појават некои од најголемите светски имиња кои го обликуваат денешниот свет и храбро чекорат таму каде што другите не се осмелуваат.

Покрај веќе најавените – Лара Боро, извршна директорка на The Economist Group, која во Ровињ ќе зборува за тоа како овој угледен медиум стана лидер во индустријата во време на глобални кризи и Џејмс Тејлор кој ќе ни го доближи светот на деловната креативност и иновации управувани од АИ, на Weekend.18 доаѓа и Маријана ван Зелер, новинарка добитничка на Еми, како и водителка и извршна продуцентка на серијата Trafficked with Mariana van Zeller на National Geographic. Таа ќе ја однесепубликата на патување низ најтемните агли на светските црни пазари – од шверц на оружје до нелегална трговија – и ќе открие зошто вреди да се ризикува за да се раскажат приказни што можат да го сменат светот. Нејзиното бескомпромисно новинарство и трудот на нејзиниот тим донесоа за серијата Trafficked 29 номинации за Еми и 4 освоени награди на доделувањето на News and Documentary Emmy Awards во 2025 година.

Федерико Падерни, извршен директор за пазари во развој во регионот EMEA и одговорен за развојот на платформата X, носи богато искуство од водечки компании како LinkedIn и Microsoft. Во Ровињ ќе говори за визијата и иднината на платформата X и за тоа како компаниите можат да ги искористат нејзините можности за раст и поврзување со публиката.

HR.Weekend, првиот самостоен фестивал во рамки на Weekend-от, влегува во своето трето издание, потврдувајќи ја растечката важност на темите за организациска култура и лидерство во регионот. Даниел Акерман, CEO на Degordian и директор на HR.Weekend, вели: „Првата година на фестивалот пристапивме експериментално и учевме, што ни помогна да изградиме квалитетна основа. Втората година го проширивме содржинскиот спектар со уште една сала, а оваа година одиме чекор понатаму со две доделувања награди: за најдобрите HR професионалци во соработка со HR Центарот и за најдобрите работни места со Luppa.“

На втората сцена на AI.Weekend ќе настапат глобални имиња што ја градат иднината. Меѓу нив се Шил Мохнот, ко-основач на Better Tomorrow Ventures од Силиконската долина – инвеститор кој ги препознава новите трендови во финтек уште пред тие да станат модерни и Лукаш Габлер, човекот зад TikTok стратегијата за Централна и Источна Европа. „Заборавете на митовите за вештачката интелигенција. Овде сме да покажеме како навистина ја користат водечките луѓе од индустријата,“ вели Никола Павешиќ, програмски директор на AI.Weekend.

Finance.Weekend во своето второ издание носи водечки домашни и странски експерти. „Минатата година финансиите беа само дел од програмата, а оваа станаа посебен фестивал затоа што тоа го побара публиката,“ истакна Матија Накиќ, програмска директорка и CEO на Farseer. Еден од најинтересните говорници ќе биде Мајкл Бојд, поранешен Payments & Treasury во Apple, кој ќе сподели искуства како било да се гради компанија вредна 2 трилиони долари.

Нови Weekend лица: Место наде се сретнуваат паметниот капитал и зелената енергија

Оваа година Weekend.18 ја подигнува релевантноста со два нови формати што даваат одговори на клучните прашања за сегашноста и иднината.

Investment.Weekend на 19 септември ќе ги собере инвеститорите, претприемачите и иноваторите во потрага по следната голема приказна што ќе го смени светот. „Првпат отвораме простор за сите што веруваат во моќта на паметните инвестиции. Нашата мисија е да ги поврземе луѓето со идеите, капиталот и партнерите што ќе ги претворат визиите во реалност,“ изјави Мато Њавро, декан на Загрепската школа за економија и менаџмент. Еден од клучните говорници ќе биде Џорџ Јео, поранешен министер за надворешни работи на Сингапур и глобално признат стратег на крстопатот меѓу геополитиката, бизнисот и финансиите.

Energy.Weekend powered up by E.ON, исто така на 19 септември во хотел Grand Park, нема да биде уште еден „зелен PR настан“, туку место за отворени разговори, конкретни бројки и вистински одговори за енергетската транзиција и одржливата иднина. „Енергетската трансформација не смее да биде само тема, туку заедничка цел кон која сите придонесуваме со конкретни решенија и дијалог,“ нагласи Владимир Сабо, директор на E.ON Energy Infrastructure Solutions за Хрватска и Словенија.

„Weekend веќе 18 години ги собира медиумската и маркетинг индустријата, а последниве години и многу други индустрии на еден исклучително динамичен пазар. Овие промени ги водат дигитализацијата и сè поголемите очекувања на корисниците, кои денес бараат персонализирани, брзи и релевантни решенија. Токму овие вредности ги живееме и ние во Mastercard како финтек бренд. Затоа партнерството со Weekend за нас е прилика да бидеме дел од промените што ја обликуваат иднината на пазарот,“ изјави Ема Хускиќ, директорка на маркетингот на Mastercard за Хрватска.

Weekend веќе 18 години по ред, секој септември, го претвора Ровињ во епицентар на средби на лидери, креативци и визионери. Во опуштена атмосфера, со релевантни и провокативни теми, носи панели и предавања што ги обликуваат трендовите и иднината на индустријата. Ако сакаш да бидеш таму каде што се создаваат новите партнерства и идеи што ги менуваат правилата на играта, Weekend.18 е местото за тебе.

Следете ги сите новости за програмата и новите говорници на официјалната веб-страница и преку InstagramFacebookLinkedIn и TikTok – затоа што имаме уште многу да ви откриеме. До тогаш, резервирај го третиот викенд во септември за Ровињ и придружи се на Weekend-от над сите Weekend-и.

Претходна статијаСофтверски инженер од Microsoft има одлична Linux алтернатива на Windows наменета за корисниците кои сакаат да го задржат познатиот изглед