Третото издание на хуманитарна велодружба под име “Cycle4Charity” е посветен на „Светскиот ден за борба против сиромаштијата“, кој секоја година се одбележува на 17 октомври.

По тој повод на 19 октомври со почеток од 17:30 часот, Интертек ги повикува сите хумани граѓани, своите соработници и ИТ компаниите да ни се придружат на точак на третиот по ред Cycle4Charity настан и на овој начин заедно да ја покажеме нашата поддршка за борба против сиромаштијата.

Истовремено, сакаме да апелираме до сите оние кои имаат желба да дадат свој паричен придонес, дека истото ќе може да го сторат со симболична онлајн донација од 200 денари на жиро-сметката на здружението „Љубезност“ или на самиот ден на случувањето во кутиите кои ќе бидат поставени за таа намена.

Каде да се пријавам за учество? 

За да бидете дел од нашата трета велодружба на 19 октомври, пријавете го вашето учество овде. Точната локација и рутата како и повеќе информации за третата хуманитарната велодружба “Cycle4Charity” ќе бидат дополнително објавени на официјалните Facebook и LinkedIn профили на Интертек и пратени на вашата е-адреса.

Кој може да учествува со своја донација?

Сите оние кои сакаат да дадат свој придонес и да им помогнат на оние на кои им е најпотребно истото може да го направат пред самото случување, со онлајн донација од 200 денари на жиро сметката на ЗГ ЉУБЕЗНОСТ – СКОПЈЕ – Е ДОНАЦИИ  со назнака  донација за Cycle4Charity. 

ИТ компаниите, кои сакаат да земат учество, можат да се вклучат како индивидуалци или како компанија поддржувач на настанот, со тоа што пред самото случување, својата онлајн донација треба да ја направат на жиро сметката на ЗГ ЉУБЕЗНОСТ – СКОПЈЕ – Е ДОНАЦИИ со назнака донација за Cycle4Charity.

Дополнително, учесниците ќе имаат можност на лице место да донираат во кутиите кои ќе бидат поставени за таа намена.

Како да донирам онлајн?

Цел на дознаката: Донација за Cycle4Charity

Назив на налoгопримачот: ЗГ ЉУБЕЗНОСТ – СКОПЈЕ – Е ДОНАЦИИ

Трансакциска сметка на налагопримачот: 300000004297815

Банка: Комерцијална Банка 

Шифра на плаќањето: 562

Каде ќе бидат донирани паричните средства?

И овојпат, сите средства кои ќе се соберат пред и за време на настанот ќе бидат донирани во здружението „Љубезност“, кое се залага за помош и поддршка на социјално загрозени семејства и поединци и реализира хуманитарни активности под името Вистински Дела На Љубезност“. 

Претходна статијаМакедонија има обврска да ги почитува законите на ЕУ за имплементација на 5G
Следна статијаА1 Македонија го постави “СМАРТ езеро Младост – прва иновативна туристичка атракција” во општина Велес