Подгответе се за нешто што досега не сме го виделе кај нас. Од 27 до 30 ноември 2025, Скопје ќе стане дом на Startup Revolution Summit.ai – четиридневен регионален настан кој ќе ги собере на едно место визионерите од светот на технологијата, претприемништвото и вештачката интелигенција. 

Во организација на Стартап Клуб Скопје, самитот ќе донесе над 1000 учесници од целиот регион – стартапи, инвеститори, истражувачи, студенти, фриленсери и AI ентузијасти. Програмата започнува во Филхармонија, каде ќе се одржат главните говори, панели и отварањето на самитот, а продолжува во Македонска опера и балет, каде ќе се одвиваат финалните настани, инвестициските презентации, startup showcase и големото затворање. Двете локации се култни институции во срцето на Скопје и ќе бидат центар на иновацискиот пулс што доаѓа. Очекувајте говорници од Европа и пошироко, практични сесии, инвеститорски средби, нетворкинг активности и содржини што ја отсликуваат новата бранова реалност која ја носи вештачката интелигенција во стартап светот.

Самитот е продолжение на успешната приказна зад наградуваниот подкаст “Стартап Револуција”, кој го создаде тимот на Стартап Клуб Скопје. Од аудио платформа до регионално движење, од разговори до активна заедница – сега оваа иницијатива кулминира во најголемиот самит за стартапи и AI во Македонија досега. 

Ова не е само настан – ова е покана за сите кои сакаат да учествуваат во креирањето на технолошката иднина: дали си основач на стартап, AI практичар, истражувач, млад ентузијаст или едноставно љубопитен за трансформацијата што се случува пред нашите очи. Startup Revolution.ai Summit ќе биде местото каде се поврзуваат идеи, луѓе и можности, создавајќи мост помеѓу регионот и глобалната сцена на иновации.

Покрај самитот, отворен е и јавниот повик за мапирање на регионалниот AI екосистем, посебна иницијатива со која се покануваат сите активни чинители од областа на вештачката интелигенција да се вклучат: стартапи, компании, инвеститори, фриленсери, истражувачи, академски институции и организации. Секој што ќе се пријави ќе биде дел од визуелна интерактивна мапа и специјален печатен буклет, кои ќе бидат промовирани на самитот и споделени со сите учесници. Оваа мапа ќе служи како алатка за подобро вмрежување, регионално позиционирање и креирање нови партнерства. Ако си дел од AI екосистемот – приклучи се, остави свој белег и стани дел од историјата што заедно ја пишуваме. 

Повеќе информации и пријави на: www.startuprevolution.ai.

Претходна статијаApple го претстави iPhone 17 со поголем екран кој сега е со 120 херци
Следна статијаApple AirPods Pro 3 стануваат фитнес алатка и автоматски преведувач