18 студенти од Академијата за дигитален маркетинг во текот на викендов ќе се натпреваруваат на дводневниот Хакатон што го организираат Seavus едукативниот и развоен центар (СЕДЦ) во соработка со Елемент ПР.

Студентите преку идејни решенија ќе креираат маркетинг кампањи за поголема промоција на Академијата. Најдобриот тим ќе добие парична награда, а во следниот период кампањата ќе биде во целост реализирана од Seavus едукативниот и развоен центар.

Центарот СЕДЦ е основан во 2010 година и претставува најголемата Академија за дизајн и технологија во Македонија каде досега завршиле над 5000 студенти.

Во рамки на едукативниот центар успешно дејствуваат Академиите за програмирање, компјутерски мрежи и дизајн, а веќе во академската 2020/2021 година се отворени и две нови насоки за кои се покажа голем интерес, а тоа се Академијата за дигитален маркетинг и Академија за дизајн. 

Претходна статијаОпштина Битола со возило на електричен погон ќе ги испразнува кантите за отпадоци
Следна статијаПроектот на Huawei за 5G приватна мрежа ја освои наградата за развој на пазарот во 2021