Weekend Media Festival, главното место на средби за медиумската, комуникациската и бизнис-сцената на регионот, оваа година го слави својот 18-ти роденден и тоа со стил. Од 18 до 21 септември, Ровињ повторно ќе биде епицентар на креативноста, знаењето и вмрежувањето, а полнолетното издание носи и две нови фестивалски програми: Investment.Weekend и Finance.Weekend.

„Оваа година го славиме полнолетството на Weekend и со голема возбуда го најавуваме досега најамбициозното издание на фестивалот. Weekend.18 оваа година носи пет паралелни фестивали, вклучувајќи два сосема нови, со што дополнително го прошируваме содржинскиот спектар за да одговориме на растечките потреби на пазарот и да овозможиме простор за најновите инвестициски и финансиски трендови. Сето тоа, заокружено со врвна забава – токму како што се очекува од Weekend“, изјави Тoмо Рицов, директорот на Weekend Media Festival.

Во денешниот свет на глобален хаос, Weekend.18 ќе биде домаќин и на веројатно најрелевантната говорничка за економските и општествените предизвици – Лара Боро, извршна директорка на групацијата The Economist. Таа ќе води динамична дискусија за моќта, перцепцијата и одговорноста во ерата на постојани кризи. Нејзиното искуство во водечките глобални компании како Financial Times и Mastercard International гарантира уникатна перспектива за промените во медиумскиот пејзаж.

Во Ровињ доаѓа и Џејмс Тејлор, наградуван говорник и светски авторитет за креативност, иновации и вештачка интелигенција. Тејлор е основач на платформата SuperCreativityU и водител на The SuperCreativity Podcast & TV Show, преку кои своето знаење го има споделено со публика во повеќе од 120 земји. За неговиот интересен професионален пат, дури и BBC има снимено документарец, а Тејлор е и член на престижното Кралско друштво за уметности, клуб на визионери во кој членувале и Нелсон Мандела, Стивен Хокинг и Бенџамин Френклин.

Нови фестивали: Investment.Weekend и Finance.Weekend

Покрај третото издание на HR.Weekend и второто издание на AI.WeekendWeekend.18 ќе ги претстави и двата нови фестивали – Investment.Weekend и Finance.Weekend – кои ќе понудат конкретни увиди во најновите трендови во финансиите и инвестициите.

Investment.Weekend е осмислен во соработка со Загрепската школа за економија и менаџмент (ZŠEM) и ќе се фокусира на теми како иновативни модели за прибирање средства, M&A (спојувања и преземања), анализа на пазарот и управување со ризици, одржлив раст и инвестициски стратегии. Еден од главните говорници ќе биде визионерот за геополитика и бизнис Џорџ Јео, поранешен министер за надворешни работи на Република Сингапур. Денес тој е на чело на една од најголемите логистички компании во Азија – Kerry Logistics, а неговата политичка кариера и членството во Ватиканскиот економски совет го прават единствен соговорник за темите на спој меѓу геополитиката и бизнисот.

По минатогодишното гостување како дел од главната програма, Finance.Weekend оваа година добива сопствено издание и станува незаменлив настан за сите кои го обликуваат светот на финансиите. Фокусот останува на иднината на финансиите и практични решенија за корпоративниот финансиски сектор. Еден од највпечатливите говорници е Луис Секо, професор по математика на Универзитетот во Торонто и директор на истражувачкиот центар RiskLab. Неговиот фокус е одржливоста и климатските ризици, а предводи проекти кои користат вештачка интелигенција за анализа на емисии на CO₂ и развој на решенија за зелена транзиција. Како водечки експерт на крстосницата меѓу финансиите, технологијата и одржливоста, тој соработува со меѓународни фондови и институти за развој на иновативни модели за иднината.

На овогодинешниот HR.Weekend, Богдан Радаковиќ, потпретседател за човечки ресурси, глобална трансформација и организациски промени во шведската компанија Essity, ќе говори за иновативни пристапи во развојот на лидери. Своите размислувања за организациски развој со фокус на семејни бизниси ќе ги сподели и Борис Вукиќ, партнер и еден од основачите на Adizes Southeast Europe (ASEE) и сениор соработник на Adizes Institute USA.

Weekend.18 го носи и второто издание на AI.Weekend, кој уште од првата година се етаблира како водечки регионален фестивал за вештачка интелигенција.

Најдоброто допрва следува

Не ја пропуштајте приликата – резервирајте го своето место и бидете дел од јубилејното издание Weekend.18, кое ги спојува едукацијата, инспирацијата и незаборавното дружење во срцето на Ровињ.

Сите информации и најнови вести следете ги на официјалната веб-страница и преку InstagramFacebookLinkedIn и TikTok – бидејќи имаме уште многу да ви откриеме.

Претходна статијаMicrosoft ќе овозможи користење на новата и класичната Outlook десктоп апликација во исто време
Следна статија„Макпетрол“: Гласно и позитивно против врсничкото насилство на голем настан во Градски Парк