Ровињ, 25.09.2025. – AI.Weekend, одржан во рамките на Weekend.18, ја собра хрватската и светската AI сцена на две бини, потврдувајќи ја улогата на фестивалот како централeн хаб за размена на идеи, знаење и инспирација во регионот.

Вештачката интелигенција повеќе не е само тренд, туку темел на трансформацијата, додека вистинскиот успех во AI бара комбинација од технологија, визија и етички пристап. Локалните иноватори и хрватската индустрија можат да играат значајна улога во глобалниот екосистем.

Опфатени беа различни теми – од финансиски технологии и инвестиции, преку иновации во банкарството и е-трговијата, до примената на AI во образованието и истражувачкиот сектор.

Фестивалот го постави клучното прашање: Како AI ги менува бизнис моделите и корисничките искуства?

Вишал Харнал, партнер во глобалниот фонд на ризичен капитал 500 Global, истакна: „Никогаш не постоело подобро време за основање компанија, AI е пресвртница.“ Како клучни области за инвестиции тој ги наведе логистиката и зелената енергија, со потсетување дека „ниеден алгоритам не може да спаси бизнис без скалабилност и етички пристап.“

Банкарството и финансиите добија посебно место во дискусијата на Виктор Додиг, претседател и CEO на Canadian Imperial Bank of Commerce (CIBC), и Шил Мохнот, коосновач на Better Tomorrow Ventures, со модерација од Божидар Павловиќ, партнер во AYMO Ventures. Мохнот предупреди на преценети очекувања: „Премногу стартапи ја користат вештачката интелигенција само како етикета, а вистинската вредност е во решавањето на реални проблеми како што се безбедноста на плаќањата и измамите.“

Посебен акцент беше ставен на хрватската индустрија и локалните иноватори. Експерти од Infobip, Orqa, Aestus, OWN Solutions и Gideon споделија примери како примената на AI ја унапредува комуникацијата, технологијата со дронови, финансиските услуги и многу други сектори. Матеј Кухар, раководител на одделот за податочна наука во Aircash, ја нагласи практичната примена на алгоритмите за олеснување на секојдневните задачи на корисниците, додека тимот на TikTokЈоана Новак и Пјотр Жачко, покажа како комбинацијата на креативност и алгоритми ги обликува глобалните трендови – при што дури 47% од успехот на кампањите е резултат на самите содржини, а не само на алгоритамските препораки.

„Веќе втора успешна година по ред во Ровињ ги собравме светските и локалните експерти, и тоа токму сега, кога AI веќе не е само тренд, туку секојдневие во бизнисот,“ нагласи Никола Павешиќ, програмски директор на AI.Weekend.

AI.Weekend во Ровињ покажа дека вештачката интелигенција не е само тренд, туку алатка што поттикнува иновации и конкретни промени во индустријата и општеството. Посетителите имаа можност да добијат увид во најновите трендови, предизвици и можности, а фестивалот истовремено поттикна дијалог меѓу глобалните инвеститори и локалните експерти, покажувајќи како теоријата може да се преточи во практика и како Хрватска може да биде значаен играч на регионалната и глобалната AI сцена.

Претходна статијаСпојувањето на Android и ChromeOS ќе биде направено во соработка со Qualcomm
Следна статијаStartup Weekend Skopje 2025: Иновации во Fintech кои го менуваат финансискиот свет