Регулаторите во Велика Британија се повикани да ги испитаат британските телекомуникациски оператори, откако најголемите компании објавија сличен пораст на цените на мобилните договори во период од неколку месеци.

Четирите мрежни оператори кои сочинуваат 87 проценти од мобилните корисници во Велика Британија – Vodafone Group Plc, EE на BT Group Plc, Three UK на CK Hutchison Holdings Ltd. и O2 на Telefonica SA – најавија слични зголемувања на цените со неодманешните договори, според извештајот на Fideres Partners LLP, консултантаска компанија која ги истражува незаконските постапки на корпорациите. Поскапувањето кај О2 ќе стапи на сила следната година, додека другите три веќе ги применуваат зголемените цени од минатиот септември.

Fideres, која спроведува истражување за адвокатски канцеларии, регулатори и групи за кампањи, истакна дека зголемувањето на цените ќе ги чини потрошувачите околу 400 милиони фунти (554 милиони долари) годишно, а  британските потрошувачи ќе биде релативно тешко да ги раскинат договорите во споредба со другите пазари. Минатиот месец, компанијата ги испрати своите наоди до британскиот регулатор за телекомуникации, Ofcom и Управата за конкуренција и пазари, барајќи од нив да ја истражат ситуацијата.

Регулаторите одбија да го коментираат последниот извештај на Fideres, кој не содржеше докази дека телефонските компании се договарале околу зголемувањето на цените.

Лондонски Fideres претходно изработи извештаи во кои се потенцира цената на банките на корпоративните обврзници, забележувајќи „абнормални“ движења на цените на лековите и поддржувајќи истраги против неколку финансиски институции за таен договор со цел да се определат мерила за производите со каматни стапки.

Претставниците на O2 и Three истакнаа дека не можат да даваат коментари без да го погледнат извештајот во целост. Портпаролката на BT рече дека промената е „да се поедностават и консолидираат нашите политики за промена на цените за подобро да ги рефлектираат обврските за правичност на Ofcom“, повикувајќи се на доброволните упатства за одредување на цените.

Зголемувањето „го одразува нивото на вложувања во рамките на нашиот бизнис за да продолжиме со нашите големи инвестиции во мрежите и услугите, истовремено давајќи им приоритет на загрозените купувачи, кои страдаат од финансиски потешкотии или дигитално исклучување“.

Портпаролот на Vodafone истакна дека „ова е огромен конкурентен пазар, со огромен избор на потрошувачи и постојано подобрувајќи ја вредноста за парите на висококвалитетните мрежите“.

„Иако зголемувањето на цените никогаш не е лесно, мораме секоја година да ги утврдуваме нашите цени за да одиме во чекор со континуираната потреба за инвестирање во нашата мрежа, водена од се поголемата употребата и сега од дополнителното барање за отстранување на опремата на Huawei. Слични притисоци чувствуваат сите оператори“.

Конкуренција

Мобилните компании веќе подолго време се жалат на маржите на британскиот пазар, за кои дури и Fideres објави дека со децении владее голема конкуренција и релативно стабилни цени од 2016 година. Владината одлука да ја забрани опремата на компанијата Huawei Technologies Co. и скапото воведување на 5G технологијата може уште повеќе да ги намали профитите.

Меѓутоа, спојувањата помеѓу мобилните провајдери, што би го намалило бројот на големи конкуренти, историски биле обесхрабрени. Комбинацијата на O2 и Three UK беше блокирана од Европската унија во 2016 година, при што регулаторот повика на загриженост поради потенцијалното зголемување на цените. O2 на почетокот на овој месец се спои со интернет и ТВ провајдерот Virgin Media на Liberty Global. Ова значи дека идната стратегија на цените на мобилните уреди, исто така, ќе биде вредна за истражување, истакнува Fideres.

„И покрај тоа што зголемувањата на цените би можеле да бидат усогласени, компаниите и натаму жестоко се натпреваруваат околу новите клиенти“, рече Џејмс Ратцер, аналитичар во компанијата New Street Research.

„На крајот на секој двегодишен договор, имате можност да се вратите на тој пазар и да ги искористите рекламираните цени“, истакна Ратцер. „Надежта на операторите е дека многу потрошувачи нема да се префрлат – но многу од нив и ќе се префрлат“.

EE на BT и Vodafone ги зголемија планираните цени за 3,9 проценти плус декемвриската стапка на инфлација на потрошувачките цени, која оваа година изнесува 4,5%. Three UK покрена едноставно зголемување на цената за истата сума. Од следната година, надоместоците за емитувањето на O2 ќе се зголемат за јануарската стапката на инфлација плус 3,9 проценти.

Претходна статијаСеријата HUAWEI Watch 3 доаѓа со ексклузивен дизајн потпишан од Роберт Левандовски
Следна статијаРоманија треба подобро да се консултира во врска со 5G

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.