Скопје, 15 јануари 2024 г. – Samsung Electronics Co., Ltd., светски олимписки и параолимписки партнер, денес ја објави својата официјална тема за Олимписките и Параолимписките игри во Париз во 2024 година – „Отворениот ум секогаш победува“. Пораката го артикулира верувањето на Samsung дека со отворен ум, секое ново искуство станува значајно достигнување што отвора нови перспективи и бесконечни можности. Оваа порака ќе биде срцето на програмата на Samsung за Олимпијадата во Париз во 2024 година и ќе биде оживеана преку нејзините различни активации до и за време на игрите, но и преку извонредните спортисти-амбасадори на тимот на Samsung Galaxy, кои исто така беа објавени денеска.

„Samsung се залага за олимпискиот дух и овозможува значајна поврзаност уште од Олимписките игри во 1988 година“, рече Стефани Чои (Stephanie Choi), EVP и раководител на одделот за маркетинг на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „За време на Олимпијадата во Париз, најновата иновација и технологија на Samsung ќе го поддржи одржувањето на игрите и ќе помогне да се исполни ветувањето дека ќе бидат најотворените игри досега. Пораката на брендот „Отворениот ум секогаш победува“ го одразува ова усогласување на вредностите и ќе биде прикажана во текот на програмите на Samsung за време на Олимпијадата во Париз“.

Тимот на Samsung Galaxy ќе биде основниот глас на пораката „Отворениот ум секогаш победува“ и преку споделување на нивните патувања, тие ќе покажат како Samsung им помага на спортистите и обожавателите да се отворат за нови можности преку своите технологии. Секој спортист од тимот на Samsung Galaxy, кој ги вклучува британската ѕвезда во скејтбординг и долгогодишниот амбасадор на брендот Скај Браун (Sky Brown), знае од прва рака дека отворениот начин на размислување води до победа во спортот и воопшто.

„Samsung го подигнува искуството на Олимписките и Параолимписките игри и ги поддржува спортистите речиси четири децении“, рече Тони Естанге (Tony Estanguet), претседател на Олимијадата во Париз. „Сакајќи да создадеме „Отворени игри“, ние знаеме дека длабоко вкоренетото верување на Samsung во отвореноста и неговата иновативна мобилна технологија ќе имаат централна улога на Олимијадата во Париз. Заедно, гордо ќе се ангажираме, инспирираме и ќе ги унапредуваме Олимписките и Параолимписките игри за спортистите и навивачите подеднакво“.

Тинмот на Samsung Galaxy за Олимписките игри во Париз

За Олимпиијадата во Париз, тимот на Samsung Galaxy е составен од над 25 олимпијци и параолимпијци, вклучувајќи ги британскиот скејтбордер Скај Браун (Sky Brown), шпанската шампионка во бадминтон Каролина Марин (Carolina Marin), францускиот херој во скејтбординг Орелиен Жиро (Aurélien Giraud), американската „б-девојка“ Грејс „Сани“ Чои (Grace “Sunny” Choi), германскиот пара спринтер Јоханес Флорс (Johannes Floors), јужнокорејската фудбалска икона Сон Хеунг-мин (Son Heung-min) и многу други. Во тимот има неколку спортисти од некои од најновите спортови на игрите: скејтбординг, сурфање и брејкденс, кои, како и Samsung, ги споделуваат основните вредности на отворен ум и самоизразување.

„Горди сме што го поддржуваме овој неверојатен тим на спортисти и им посакуваме добредојде во семејството на Samsung“, додаде Стефани Чои (Stephanie Choi). „Не само што ги инспирираат луѓето на и вон теренот, туку имаат и влијание врз нивните заедници и следните генерации. Заедно со тимот на Samsung Galaxy, воодушевени сме што можеме да ги охрабриме фановите ширум светот да се отворат за нови можности во нивниот секојдневен живот“.

Во тимот е вклучена и 15-годишната скејтбордерка Рејса Леал (Rayssa Leal), која стана најмладата Бразилка што некогаш учествувала на Олимписките игри кога го освои среброто во Токио во 2020 година; Јери Ким (Yeri Kim), „безграничната“ јужнокорејска б-девојка, која го надмина оштетувањето на слухот за да се искачи на врвот на нејзиниот спорт; Џегер Итон (Jagger Eaton) од САД, кој ја застапува културата на слободоумност во скејтбордингот; сурферите Јохане Дефеј (Johanne Defay) од Франција, Џон Џон Флоренс (John John Florence ) од САД и Џек Робинсон (Jack Robinson) од Австралија, кои не само што се жестоки конкуренти на брановите, туку и жестоки поборници за океанот и климата; и параолимпијците Медисон де Розарио (Madison de Rozario) од Австралија и Уго Дидие (Ugo Didier) од Франција, кои ги користат нивните платформи за да ја поттикнат пристапноста и инклузивноста во спортот и општеството.

Медисон де Розарио (Madison de Rozario) рече: „Samsung е дел од Параолимпијадата толку долго, а една од најголемите привилегии да се биде параолимпиец е да се биде партнер со бренд кој толку силно го поддржува параолимпиското движење. Технологијата игра огромна улога во моментов, особено во параолимписките и женските спортови. Можноста директно да се дружите со обожавателите го унапреди движењето многу побрзо од било што друго“.

Јохане Дефеј (Johanne Defay) рече: „Среќен сум што сум дел од тимот на Samsung Galaxy. „Отворениот ум секогаш победува“ ме потсетува на слободоумноста која може да се стекне преку конкуренцијата – понекогаш победуваме, понекогаш губиме, а тоа предизвикува многу аспекти од нас. Размислуваме многу за тоа како можеме да еволуираме и мислам дека тоа е преку отворениот ум“.

Џегер Итон (Jagger Eaton) рече: „Да се биде дел од тимот на Samsung Galaxy за мене значи навистина многу. За некој што му пристапува на скејтбордингот на различен начин, да се биде дел од бренд што го прави истото е неверојатно. „Отворениот ум секогаш победува“ за мене значи вклучување на сите. Мислам дека Олимписките игри не се само неверојатно време за сите да се соберат и да навиваат за својата земја, туку и можност да го направам она што го сакам на светската сцена. Јас сум секогаш отворен во скејтбордингот, затоа што верувам дека тоа е една од најотворените активности што можете да ги направите.“

Повеќе информации за тоа како пораката „Отворениот ум секогаш победува“ ќе оживее, начините на кои Samsung ќе го подобри искуството на Олимписките и Параолимписките игри во Париз и другите спортисти од тимот на Samsung Galaxy, ќе бидат објавени додека патот до игрите продолжува.

Претходна статијаOpenAI претстави продавница за GTPs, односно посебно изменети верзии од ChatGPT
Следна статијаКако часовниците Galaxy Watch6 се грижат за вашето здравје и ве мотивираат за активен живот?