По повод Први мај, Ден на трудот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи – ВОЗЕТЕ ОДГОВОРНО.

Во пресрет на претстојниот празник се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на патиштата кон туристичките и излетничките места,  затоа потсетуваме:

  • Не возете под дејство на алкохол. – Алкохолот ја намалува способноста за реакција и ја зголемува веројатноста за несреќи со тешки последици.
  • Возете одморени – бидејќи возењето под замор е опасно исто како возењето под дејство на алкохол.
  • Почитувајте ги ограничувањата на брзината – Прилагодите ја брзината според условите на патот, времето и фреквенцијата, односно густина на сообраќајот.
  • Секогаш користете сигурносен појас – Ова важи и патниците на предните и на задните седишта.
  • Не користете мобилен телефон додека возите – Фокусот секогаш треба да е на патот.
  • Планирајте го патувањето однапред – Проверете ја состојбата на патиштата, избегнувајте замор и правете паузи при подолги патувања.
  • Возачите на мотоцикли и мопеди и лицата кои се превезуваат на истите задолжително на глава да носат сигурносна опрема  – кацига.

Почитувајте ги пешаците и велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот и не заборавајте – секој изгубен живот на патиштата е ненадоместлива загуба. Затоа, да празнуваме со почит кон животот и здравјето, бидејќи безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас.

РСБСП ви посакува среќни и безбедни првомајски празници.

Претходна статијаSamsung ја проширува директната достапност до AI помошникот преку страничното копче на Galaxy A серијата
Следна статијаFirefox конечно ја доби можноста за групирање на „табовите“