Македонски Телеком го најави концептот Magenta дом, со иновативни решенија со кои дигиталната технологија во домот функционира совршено. Со решенијата се нуди суперстабилен интернет насекаде во домот, едноставно управување со поврзаните уреди, целосна безбедносна заштита и услови за врвно гејминг искуство.

Стабилен Wi-Fi сигнал во секој дел од домот

Со новата услуга Wi-Fi Booster, се засилува Wi-Fi сигналот и се обезбедува поголема и постабилна покриеност во домот, што овозможува супербрзо и стабилно сурфање на повеќе уреди одеднаш. Wi-Fi Booster е интегриран mesh уред, особено погоден за куќи и поголеми станови, каде што Wi-Fi сигналот од рутерот не стигнува до сите делови од домот. Штом еднаш се приклучи, уредот може да се поврзе со сите уреди во домаќинството коишто поддржуваат Wi-Fi мрежа. 

Креиран да создаде стабилен и силен сигнал насекаде во домот, овој мал уред се базира на иновативна платформа RDK, којашто е развиена во соработка со Дојче Телеком и овозможува напредни функционалности, а истовремено и помали трошоци за корисниците.

Управување со домашната Wi-Fi мрежа преку апликацијата Telekom MK 

Wi-Fi Booster-от е достапен заедно со Wi-Fi Manager, со кој се управува со Wi-Fi мрежата преку апликацијата Telekom MK, дури и кога корисникот е надвор од домот. Преку Wi-Fi Manager, едноставно и со само неколку клика може да се провери кои уреди се поврзани на мрежата, да се вклучи или исклучи пристапот до интернет за одредени уреди, да се сподели домашната мрежа преку QR код и да се промени името и лозинката на мрежата. 

Во Magenta дом се нуди и Gaming Booster, за совршено гејминг искуство и услугата SafeNet Home којашто ги обезбедува сите онлајн активности. Со Magenta дом се користи врвна технологија за најдобро секојдневно искуство во домот.

Повеќе информации на: www.telekom.mk

Претходна статијаНовиот софтверски пакет за здравје на Samsung овозможува напредок во здравствените иновации
Следна статијаИскористете ја специјалната промоција на серијата Xiaomi 14T и откријте ги врвните перформанси