Скопје, 03 јули 2025  Членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, именувани од страна на Собранието на Република Македонија на 24 јуни 2025 година, денеска одржаа конститутивна седница. На седницата, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Деловникот за работа на Агенцијата беа избрани претседател и заменик претседател.

За претседател е избран Сашо Стефановски, додека за заменик претседателка е избрана Зириета Хајро Јајага. 

Во Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги освен Сашо Стефановски и Зириета Хајро Јајага, членуваат и Афрона Верзиволи, Виктор Павловски, Гордана Мајнова, Петар Џуровски и Цветанка Миновска.

                                                АГЕНЦИЈА ЗА АУДИО И АУДИОВИЗУЕЛНИ МЕДИУМСКИ УСЛУГИ 

Претходна статијаДве години по претставувањето Threads од Meta доби поддршка за директни пораки