Датум: вторник, 28.10.2025 г.

Локација: Спортска сала “Борис Трајковски”, Скопје, Македонија

Македонија се наоѓа на праг на нова индустриска трансформација. Бизнис Акцелератор УКИМ, во име на ЕИТ заедницата во Македонија, започна иницијатива за 2025 година со цел да ја зајакне циркуларната економија во земјата преку поврзување на индустријата, академската заедница и креаторите на политики, како и да им помогне на компаниите да обезбедат пристап до европски и национални фондови и програми за поддршка. Во соработка со водечки универзитети и истражувачки центри, се спроведуваат нови лабораториски и иновативни проекти кои унапредуваат технологии за рециклирање, валоризација на отпад и одржливи материјали, поставувајќи темели за поконкурентна и циркуларна македонска економија.

Како дел од оваа иницијатива, Гала настанот ќе овозможи учесниците да откријат, поврзат и заедно го обликуваат одржливиот раст во Македонија, обединувајќи локални и европски експерти, претприемачи и носители на одлуки за да прикажат практични решенија и да ја инспирираат Македонската индустрија да ја интегрира циркуларноста во своите операции. Настанот ќе ги истакне достапните финансиски инструменти од Европскиот институт за иновации и технологија (EИТ) – тело на Европската унија, како и националните програми за поддршка на циркуларната трансформација, охрабрувајќи ги македонските компании, стартапи и општини да преземат иницијатива, аплицираат за средства и развиваат одржливи иновации.

Настанот се организира во соработка со Францускиот институт во Скопје (IFS) и Македонската асоцијација на метална и електро индустрија (МАМЕИ), а ќе се одржи како заеднички настан со Енерготехнома (27–30 октомври 2025). Програмата ќе вклучи меѓународни, француски и македонски експерти кои ќе споделат најдобри практики и успешни примери за индустриска циркуларност.

Настанот ќе вклучи свечено отворање и пет тематски панели, на кои повеќе од 30 истакнати говорници ќе ги претстават најновите индустриски решенија, креативни иновации и механизми за финансирање што ја придвижуваат циркуларната економија. Дискусиите ќе се одржат од 10:30 до 17:00 часот, а потоа ќе следи вмрежувачка сесија (17:00–18:00) со можност за директни средби со меѓународни гости, експерти и потенцијални инвеститори.

Посебна сесија ќе го претстави Хабот за циркуларна економија на Западен Балкан, со цел јакнење на регионалната соработка, зголемена транспарентност и позиционирање на македонската индустрија како двигател на одржлив раст и иновации.

Целна публика

Лидери и компании од цементната, челичната, градежната, текстилната, стакларската и производствената индустрија; стартапи и претприемачи кои развиваат решенија во областа на циркуларната и креативната економија; иницијативи поддржани од ЕИТ; академска и истражувачка заедница фокусирана на одржливост и материјални науки; креативни професионалци од областа на модата, дизајнот и дигиталната уметност; јавни институции и носители на политики; меѓународни организации, граѓански сектор и инвеститори кои го поддржуваат зеленото преминување и иновациите на Западен Балкан.

Целосната програма може да ја проследите на: https://bauaccelerator.com/innov-circ-inds/

За да го обезбедите вашето место на овој настан, ве молиме регистрирајте се на https://forms.gle/KXh8AYQ1m3fb63Jk8

ЕИТ – ОВОЗМОЖУВАМЕ ИНОВАЦИИ

За Европскиот институт за иновации и технологија (ЕИТ)

ЕИТ ја зајакнува способноста на Европа да иновира преку создавање решенија за клучните глобални предизвици и негување на претприемачките таленти за создавање одржлив раст и квалификувани работни места во Европа. ЕИТ е тело на Европската унија и интегрален дел од Хоризонт Европа, рамковната програма на ЕУ за истражување и иновации.

Институтот поддржува динамични панeвропски партнерства, ЕИТ заедници за знаење и иновации (КИЦ), меѓу водечки компании, истражувачки лаборатории и универзитети. Овие КИЦ се посветени на системски промени во Европа и пошироко, фокусирајќи се на клучни области како климатски промени, енергија, здравје, храна, производство, суровини, дигитализација, урбана мобилност и култура и креативност. Заедно со нивните водечки партнери, ЕИТ заедницата нуди широк опсег на активности за иновации и претприемништво низ Европа: курсеви за претприемачко образование, услуги за креирање и акцелерација на бизниси и истражувачки проекти водени од иновации. 

ЕИТ – клучни податоци

Дознајте повеќе. Следете ги новостите, настаните и можностите на веб-страницата на ЕИТ и на нашата LinkedIn страница.

Што е Регионалната иновациска шема на ЕИТ (ЕИТ РИС)? 

Регионалната иновациска шема на ЕИТ (ЕИТ РИС) беше воведена во 2014 година за да ги подобри иновациските перформанси во земји со „развивачки” или „скромен” иновациски резултат според Европскототабло за иновации. ЕИТ управува со РИС која е имплементирана преку КИЦ.

Дознајте повеќе: https://eit-ris.eu.

Претходна статијаПроблем кај AWS предизвика пад на повеќе познати сервиси во светот
Следна статијаГејминг телевизорите на Samsung: Ново ниво на имерзија и перформанси за гејмерите ширум светот