ИНОВА и Амбасадата на Јапонија отвораат нови можности за соработка во областа на технологијата и иновациите

Директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА Даниела Димовска, оствари значајна средба со амбасадорката на Јапонија во Република Македонија, нејзината екселенција Сецуко Кавахара.

Во рамките на разговорот се осврнаа на досегашните активности и постигнувања на Агенцијата, кои претставуваат цврста основа за развој на иновативниот и претприемничкиот екосистем во нашата земја. Главниот фокус, сепак, беше ставен на иднината – на можностите за продлабочување на соработката со Јапонија, како светски признат лидер во технологија и иновации.

Заеднички ги разгледаа потенцијалите за партнерства што ќе овозможат размена на знаења и искуства, како и поддршка на проекти кои ќе ја поттикнат креативноста и технолошкиот напредок во Македонија. Веруваме дека оваа средба не претставува само дипломатски чин, туку и важен чекор кон отворање нови можности што ќе ја обликуваат иднината на иновациите во нашата земја.

Претходна статијаТри децении знаење – Семос Едукација го осветли Скопје со незаборавна прослава
Следна статијаЗа помалку од една недела започнува Викендот на сите викенди: Најголемото издание досега во Ровињ