Slice е глобална tech компанија со над 1.000 вработени и канцеларии во САД, Велика Британија и Македонија. Примарната цел на компанијата е да им помогне на локалните пица-ресторани во Америка да бидат конкурентни на пазарот, преку обезбедување на иновативна платформа за нарачување пица, но и техничка поддршка, советување и помош при работењето. Апликацијата на Slice овозможува корисниците да пронајдат пицерија во нивна близина од над 17.000 регистрирани пицерии во околу 2000 градови и да порачаат онлајн. За Slice се зборува и во Tech Crunch, Business Insider и Recode.

Една од главните карактеристики на Slice во Македонија е постојаниот раст, иновативност, и инклузивност присутна во секој сегмент од работењето почнувајќи од односот и грижата на вработените, приватното здравствено осигурување, бесплатно кафе, овошје, пица, тим билдинзи. Општествената одговорност е клучен дел од корпоративната култура, компанијата Slice тоа го докажува како еден од најпосветените учесници и значајни поддржувачи на хуманитарниот проект IT4Charity како и глобалната акција “Pizza vs. Pandemic”. Slice во Македонија е веќе од 2010та и има канцеларии во Скопје, Дебар, Охрид.

Новите канцеларии на Slice во Скопје се на прв кат во Лимак на ул. Јордан Мијалков бр. 13 на површина од над 1000 квадратни метри со капацитет за над 400 вработени во две смени. Се работи за ултра модерен простор во кој посебно внимание е посветено на секој елемент со цел вработените да имаат максимална опуштеност, но во исто време и продуктивност во текот на работниот ден. Новите простории на Slice се исполнети со функционален и стилски ентериер, голем број конференциски сали, и мали простории за координација на помали тимови или повици.

Во склоп на оваа целина, покрај луксузно опремените канцеларии, влегува и простор за релаксација и забава со пинг-понг и билјард маси и уште многу други катчиња во кои вработените секојдневно може да уживаат, да се дружат тимски и да ја развиваат својата креативност. Поради големата успешност на американскиот пазар за пица, вработените во оваа канцеларија уживаат и во бесплатна вкусна пица подготвена специјално за нив секој петок во просториите на Slice.

Погледнете како изгледаат овие канцеларии на Slice кои се идеално место за извршување на секојдневните обврски.

“Секогаш бараме исклучителни индивидуалци кои се талентирани и бараат предизвик.”

Доколку сакате да бидете дел од тимот на Slice, погледнете ги нивните моментално отворени огласи за работа на следниот линк.

Во продолжение можете да го погледнете фотографии од новите простории и канцеларии на Slice во Скопје:

Претходна статијаГраѓаните се вклучуваат во креирање на Националната развојна стратегија од својот мобилен телефон или лаптоп
Следна статијаКога на корисниците им е најпотребно, А1 со најдобрата понуда во A1 Combo