Оваа година, Proxiad SEE (South Eastern Europe) слави 20 години постоење – две децении исполнети со континуиран раст, технолошки иновации и градење силни партнерства. Приказната започна во 2005 година, кога Proxiad Group решава да ја прошири својата дејност во Југоисточна Европа, при што изборот прво падна на Софија – динамичен град со растечки технолошки потенцијал. Така започна и развојот на Proxiad SEE: со мала канцеларија и тим од тројца луѓе, подготвени да ја пренесат експертизата и француската култура на групацијата во нова средина. Во основата на овој чекор стоеше јасна визија – да се изградат одржливи партнерства, да се создава реална вредност преку технологијата и да се развиваат луѓето како најголема вредност на компанијата.

По почетниот успех во Софија, Proxiad SEE ја прошири својата дејност и во Пловдив, Бугарија, во 2007 година, дополнително зајакнувајќи го своето присуство во земјата. Потоа, како еден од поголемите чекори на компанијата е одлуката во 2022 година, Proxiad SEE да излезе надвор од територијата на Бугарија и го направи својот прв регионален исчекор со отворање канцеларија во Скопје, Македонија. Овој milestone претставува важен момент во развојот на компанијата – јасна потврда на нејзината визија за регионално лидерство и долгорочна посветеност на развој на локални ИТ заедници. Со ова проширување, Proxiad SEE не само што го прошири својот технолошки и географски домет, туку и ја зацврсти својата улога како доверлив ИТ партнер и работодавач во Југоисточна Европа.

Од самото основање, Proxiad SEE е дел од Proxiad Group – меѓународна технолошка група со фокус на обезбедување ИТ услуги и консалтинг. Групата има повеќе од 25 години историја, моментално брои 1300 вработени и остварува годишен приход од околу 120 милиони евра. Освен на Балканот, Proxiad Group работи и преку 15 канцеларии во Франција, Канада, Мароко и Тунис.

Денес, Proxiad SEE соработува со повеќе од 25 меѓународни клиенти и располага со над 250 софтверски инженери и QA експерти, бизнис аналитичари, проектни менаџери, DevOps специјалисти и многу други. Компанијата обезбедува услуги за организации од различни сектори, вклучително и финансии, здравство и фармација, транспорт и логистика. Преку својата специјализирана подружница по име Proxiad Consulting, компанијата нуди и консултантски услуги и специфична SAP Ariba експертиза за supply chain process.

Од голема важност е просечното времетраење на партнерствата кое е речиси осум години, а најдолгогодишниот клиент соработува со компанијата веќе 18 години – јасен показател за одржливата доверба што ја гради Proxiad SEE. Податоците за задоволството на клиентите исто така го потврдуваат тоа: во 2024 година, Proxiad SEE постигна Net Promoter Score од 100 – реткост во B2B секторот. Финансиските резултати од последните години го нагласуваат стабилниот раст на компанијата – за помалку од 5 години, Proxiad SEE ги удвои своите приходи од 7,4 милиони евра во 2020 на 13,265 милиони евра во 2024 година.

Една од карактеристичните црти во развојот на компанијата е последователното проширување на нејзината дејност и експертиза. Proxiad SEE нуди услуги што го опфаќаат целиот life cycle на создавање, одржување и развивање на софтверски производи, консултантски услуги и развој на технолошки решенија во областа на медицината и здравството.

Со стекнатото искуство од развој на дигитални решенија за своите клиенти, во 2022 година компанијата природно доаѓа до креирање на сопствени софтверски продукти. Првичната идеја за создавање на продукти е од внатрешни потреби, но подоцна наоѓаат примена на пазарот, бидејќи решаваат реални предизвици со кои се соочуваат компаниите. Пример за тоа е Desk Buddy – софтверско решение за управување со канцелариски простори, кое им помага на компаниите со хибриден модел на работа да го планираат користењето на работни места, сали и споделени ресурси, оптимизирајќи го користењето на просторот и зголемувајќи ја ефикасноста на тимовите.

Новите хоризонти за компанијата не се ограничуваат само на создавање производи, туку вклучуваат и навлегување во нови, специјализирани индустрии. Една од нив е технологијата во здравството и фармацијата, а развојот на оваа експертиза и тимот кој стои зад неа е меѓу главните приоритети за Proxiad SEE. Во 2024 година, компанијата ја основа Proxiad Health Tech, а една година подоцна располага со сопствена лабораторија и е една од ретките компании која е сертифицирана за работа со медицински уреди во своите канцеларии. Тоа ѝ овозможува да развива и тестира драјвери и интеграции во реални услови.

Во health tech секторот учествуваат над 50 специјалисти – софтверски инженери, инженери за верификација и валидација, QA експерти и биомедицински инженери. Proxiad Health Tech располага со еден од најголемите тимови од биомедицински инженери на Балканот – експерти кои играат клучна улога во вмрежувањето помеѓу медицината и технологијата. Тие комбинираат клиничко размислување со техничка експертиза и се незаменлив дел од проекти кои бараат длабинско разбирање на медицинските процеси, податоци и уреди.

Освен соработка со технолошки компании кои развиваат иновативни решенија во областа на медицината, фармацијата и медицинските уреди, компанијата работи и со болници во процесот на дигитализација и изградба на болнички интеграции. Proxiad Health Tech активно развива и проекти со вештачка интелигенција во овие области, фокусирајќи се на автоматизација, анализа на податоци и подобрување на клиничката ефикасност.

Proxiad SEE посветува сериозно внимание на ESG стратеги и корпоративна општествена одговорност. Компанијата применува одржливи практики во секојдневната работа, вклучително и хибриден начин на работа, zero-waste политикa на работното место и оптимизација на енергетската ефикасност во канцелариските простории. Компанијата посветува многу труд и време за развој на вработените преку менторски програми, обуки и можности за баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот. За сето тоа, резултатите за задоволство на вработените се индикативни: растот на Employee Net Promoter Score е позитивен секоја година, а во 2024 година резултатот е 4.22 од 5.

Proxiad SEE продолжува да ја развива својата дејност на одржлив начин и со јасен фокус на надградба на веќе изградените силни страни. Компанијата планира да ја прошири својата експертиза, да го збогати портфолиото со нови технолошки решенија и да ги зајакне лидерските позиции во здравствените технологии и вештачката интелигенција. Меѓу стратешките цели се проширување на меѓународното присуство и потенцијални аквизиции на компании кои ќе донесат дополнителни компетенции и иновации.

Претходна статијаApple веќе ја тестира новата верзија од Siri со различни апликации
Следна статијаOpenAI го враќа GTP-4o јазичниот модел како избор по негативните реакции на новиот GPT-5