Во ерата на дигитализацијата во која живееме, слободно можеме да кажеме дека мобилниот телефон е неизоставен дел од нас самите, без разлика колку тоа некому му се допаѓа или не. И за тоа, не е само комуникацијата со светот главна причина, туку во мобилниот телефон се наоѓа голем дел од вашиот живот, почнувајќи од фотографии и видеа кои сакате засекогаш да ги зачувате, па преку вашите професионални ангажмани и работни обврски на дневна база, вашите лични податоци, електронската пошта, и секако делот за забава од вашето секојдневие.
Веќе добро е познато дека со вашиот телефон можете да вршите плаќања наместо со пластичната кредитна картичка и дека вашиот телефон ќе ви ја отвори вратата од хотелската соба каде што престојувате.
Затоа, во морето од мобилни уреди кои современите технологии ни ги нудат, потребно е да поседувате квалитетен и функционален мобилен телефон кој ќе ги задоволи сите ваши желби и апетити, а згора на сé, ќе има феноменален дизајн. Не барајте понатаму, туку погледнете го Samsung Galaxy S23 Ultra.
Сé што можете да посакате од камери
Еден од главните атрибути на овој телефон се неговите камери, а токму тоа го докажува неговата широкоаголна камера од 200 MP. Најнапредниот сензор за камера и најбрзиот процесор во овој Galaxy уред работат заедно за да се прилагодат на слаба осветленост и да го намалат шумот. Дури и објективот на камерата си ја остварува својата улога намалувајќи го отсјајот, а финалниот производ се фотографиии и видеа кои изгледаат како да се направени со професионална камера.

А специјалната функција Nightography со помош на вештачка интелигенција и алгоритми ќе ви овозможи неверојатни фотографии дури при слаба осветленост и во ноќта. Кога станува збор за камерите на Samsung Galaxy S23 Ultra, покрај оваа главна камера, тука се ултра широката камера од 12 MP, телефото камери од 10 MP, и секако предната селфи камера од 12 MP за најтрендовските слики на денешницата. Буквално нема што друго да посакате од камери.

Одличен е и за работа
Galaxy S23 Ultra може да се пофали и со 6,8-инчен Dynamic AMOLED 2X екран, кој обезбедува сеопфатно искуство, прикажувајќи ги дури и најмалите детали појасни од кога било со максимална осветленост од 1750 nits. За да бидете сигурни дека имате совршен приказ на екранот на вашиот телефон во секое време, Samsung се погрижи овој телефон да има и Vision Booster технологија, која му овозможува на екранот интелигентно да го приспособува осветлувањето во текот на денот.
AMOLED екранот на Galaxy S23 Ultra не само што е посветол од конкуренцијата, што го прави идеален за гледање на отворено, туку обезбедува и подобра заситеност на боите. А за оние денови кога едноставно имате толку многу обврски што се чувствувате небаре секоја идеја која прелетува низ вашиот ум засекогаш е изгубена, да дофат ви е S Pen пенкалото кое совршено се вклопува во Galaxy S23 Ultra уредот и кое ќе ви овозможи прецизно изразување на големиот екран. Токму така, сега ниту една идеја нема да одлета без разлика колку обврски имате во моментот.
Има и гејмерски процесор
Со најмоќниот чип во Galaxy S23 Ultra, гејмингот и стримингот се оптимизирани во овој телефон, па ако сте љубител на игри, ќе уживате во едно сосема ново, неприкосновено искуство. Екранот Dynamic AMOLED 2X прикажува јасни, шарени детали на екранот, без разлика дали амбиенталното светло е слабо или светло. Технологијата од 120 Hz интелигентно ја оптимизира стапката на освежување за да го одржува дејството непречено и, во исто време, да заштеди батерија. Покрај супертечното освежување на екранот, Galaxy S23 Ultra е опремен со долготрајна батерија од 5000 mAh и мобилна платформа Snapdragon 8 Gen 2 за Galaxy, што го минимизира времето на вчитување и потрошувачката на енергија.
Дизајниран со внимание за животната средина
Направен од рециклирани и еколошки материјали, Samsung Galaxy S23 Ultra се одликува со симетричен дизајн направен од рециклирано стакло и бои во полирана метална рамка. Покрај тоа, овој уред може да се пофали со бои од природно потекло, па секој тон е елегантен и целосно во склад со природата, а нијансите во кои можете да го најдете се зелената, фантомската црна, лаванда и крем.
Не ги пропуштајте промоциите кои одат со Samsung Galaxy S23 Ultra
Влезете во светот на неограничената забава и уживајте до четири месеци бесплатен YouTube Premium на вашиот нов Samsung Galaxy S23 Ultra. Сега можете да уживате во вашите омилени видеа каде било и во секое време без реклами и без користење на Wi-Fi мрежа. Промоцијата вклучува четиримесечен бесплатен пробен период на претплатата на YouTube Premium.
Но, ова не е единствениот бонус кој го добивате со новиот Samsung Galaxy S23 Ultra, туку и бесплатен шестмесечен пробен период на Microsoft 365 Basic OneDrive, кој вклучува до 100 GB простор за облак. Така, со оваа промоција ќе имате доволно простор за складирање на вашите омилени игри, снимки и други важни датотеки, секогаш достапни и синхронизирани на сите ваши уреди.