Фото: Samsung

Скопје 15 Септември 2025 – Samsung Electronics Co., Ltd. денеска ја најави официјалната надградба на One UI 8 — која воведува напредни мултимодални AI можности, UX оптимизиран за различни форм фактори на уреди и персонализирани, проактивни предлози за да го направи секојдневието попаметно и поудобно.

Почнувајќи од оваа недела со серијата Galaxy S25, One UI 8 ќе биде достапен и за серијата Galaxy S24, Galaxy Z Fold6, Galaxy Z Flip6, Galaxy S24 FE и дополнителни поддржани модели подоцна годинава.

Персонализирани предлози со напредна безбедност

Фото: Samsung

One UI 8 го препознава контекстот на корисникот, нудејќи персонализирани, проактивни предлози што ги поддржуваат нивните уникатни дневни рутини. И како што Galaxy AI станува сè попаметен, така расте и неговата посветеност на заштита на приватните податоци. One UI 8 ги комбинира напредните алатки за персонализација со врвни безбедносни функции, предвидувајќи ги потребите на корисниците, а притоа чувајќи ги информациите безбедни.  

  • Now Bar прикажува активност во апликации во реално време и напредок на медија плеер директно на FlexWindow на Galaxy Z Flip и сега е интегриран со уште повеќе апликации од трети страни. 
  • Now Brief овозможува уште поперсонализирани дневни известувања, вклучувајќи сообраќај, важни потсетници и Samsung Moments, што им овозможува на корисниците да размислат за своите дневни рутини. Исто така, нуди персонализирани предлози и препораки, како избор на музика и видеа врз основа на претплати и интереси. Дополнително, персонализираните здравствени информации од Galaxy Watch се лесно достапни.
  • Knox Enhanced Encrypted Protection (KEEP) е нова безбедносна архитектура создадена за да ја заштити следната генерација AI искуства користени преку Personal Data Engine (PDE). KEEP создава енкриптирани, апликациски-специфични мемориски средини во уредот, обезбедувајќи секоја апликација да има пристап само до своите сопствени чувствителни информации. 
  • Knox Matrix оди чекор понатаму, автоматски одјавувајќи ги уредите од Samsung сметката ако се означени како сериозно загрозени. Испраќа известувања низ поврзаните Galaxy уреди и нуди дополнителни насоки за заштита на податоците.  
  • Надграден Secure Wi-Fi со постквантна криптографија (PQC) користи нова криптографска рамка за зајакнување на заштитата на мрежата од новонастанати закани, обезбедувајќи сигурна приватност — дури и преку јавни мрежи.

Интелигентна мултимодалност: АИ што работи како корисникот

Фото: Samsung

Поддржан од мултимодален AI дизајниран да испорачува искуства приспособени на потребите на корисниците, One UI 8 го трансформира начинот на кој тие комуницираат со Galaxy уредите. Комбинирајќи визуелна, аудитивна и контекстуална интелигенција, тој ги прави секојдневните задачи интуитивни и едноставни. 

  • Gemini Live овозможува природна, беспрекорна комуникација со АИ што разбира што гледа или следи корисникот во реално време, без потреба од префрлање меѓу апликации. 
  • Кружно пребарување со Google нуди помош во играње игри во моментот кога корисникот ќе заокружи било што на екранот за време на игра. Дава повеќе информации за ликови и стратегии за полесно снаоѓање, со корисни линкови и видеа од интернет за понатамошно истражување. Со подобрените можности за превод на Circle to Search, корисниците можат да гледаат преведен текст во реално време додека скролуваат и комуницираат со екранот. Од новинарски статии до објави на социјални мрежи — ќе гледаат моментални преводи на основниот текст на својот јазик.

UX оптимизиран за повеќе форм фактори

Фото: Samsung

One UI 8 ја редефинира разновидноста со UX оптимизиран низ целото Galaxy портфолио. Дизајниран да се прилагоди на уникатните форм фактори на Galaxy паметните телефони и таблети, One UI 8 обезбедува беспрекорна функционалност додека ја зголемува продуктивноста и ефикасноста. 

  • AI Results View прикажува резултати од AI функциите во посебен Split View или Floating View, задржувајќи ја оригиналната содржина видлива и ненарушена. 
  • Благодарение на Galaxy AI Optimized for Large Screens, Multi Window им овозможува на корисниците да влечат и пуштаат AI-генерирана содржина — вклучувајќи слики и текст — директно во нивниот работен процес. Алатките како Drawing Assist и Writing Assist овозможуваат уште посмирен креативен процес, бидејќи корисниците можат полесно од кога било да преместуваат идеи и визуели. 
  • Gemini Live сега е достапен директно на FlexWindow на Flip за гласовно пребарување без раце, делувајќи како личен асистент на надворешниот екран..
  • Audio Eraser проактивно открива и отстранува несакани позадински звуци, како ветер или сообраќај, со едно допирање во новиот прекинувач во видео и аудио апликациите.
  • Новиот дизајн на часовник се протега и се прилагодува за да одговара на ѕидната слика. Фонтот на часовникот се обликува околу лица или контури, обезбедувајќи видливост без нарушување на сликата, без разлика дали е селфи или фотографија од миленик. Корисниците исто така можат да ја прилагодат дебелината, големината и бојата на фонтот според личен вкус. 
  • Со напредна персонализација за FlexWindow, корисниците можат лесно да создадат ѕидна слика со препораки и автоматски курирани позадини од Галерија. Исто така, достапни се прилагодувања на емоџи и бои на позадина за FlexWindow Emojis wallpaper. 

One UI 8, исто така, нуди AI-поддржани алатки како Portrait Studio, кој може да ги фати живописните изрази на милениците и потоа да создаде уметнички, студиски портрети. Корисниците можат да уживаат и во беспрекорна комуникација во бучни средини со Call Captions — кој веднаш ги претвора гласовите во текст за време на повици — како и со внесување преку тастатура со Interpreter, кој овозможува превод на идеи преку пишување. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Претходна статијаSamsung соработува со Netflix за специјална тема „KPop Demon Hunters“