Скопје 24 Октомври 2025. – Samsung Антиоксидативниот индекс (Antioxidant Index) на паметниот часовник Galaxy Watch8 го претвора она што некогаш звучеше како научна фантастика во секојдневна технологија. За само пет секунди, со скенирање на палецот се добиваат прецизни вредности на каротеноиди – првиот мерлив индекс на исхрана во индустријата.
Благодарение на воведувањето лабораториска прецизност во минијатурен сензор, оваа технологија ја претвора вашата исхрана во мерлив показател за поздраво стареење. Поставувањето на овој нов стандард во следење на здравјето преку носливи уреди бараше години интензивно истражување и развој, безброј прототипови и постојана посветеност.
Поставување нови граници во следење на исхраната
Уште во 2018 година, Samsung го уочил клучниот недостаток кај носливите уреди: можеле да го мерат секој чекор и калорија, но не постоела едноставна метода што би покажала како нашата исхрана влијае на здравјето. Подлабоките сознанија за исхраната беа скриени зад скапи и долготрајни лабораториски тестови, недостапни за повеќето луѓе.
Како што луѓето живеат подолго, фокусот се префрла од едноставно продолжување на животниот век кон подобрување на квалитетот на тие дополнителни години.
„Во тој контекст, антиоксидантите природно добиваат на значење како начин за забавување на процесот на стареење,“ објаснува д-р Хјоџи Џонг, експертка за јавно-здравствена исхрана од Универзитетот во Сеул, која го советувала дел од развојот на оваа технологија. „Доколку управувањето со антиоксидансите се занемари, реактивните кислородни видови (ROS) се натрупуваат во телото, зголемувајќи го ризикот од хронични заболувања како кардиоваскуларни болести, дијабетес и рак.“
Врз основа на ова сознание, Samsung ги стави антиоксидансите во центарот на своите истражувања во областа на здравјето и носливите уреди. Инженерите и научниците се насочија кон каротеноидите, како клучни антиоксиданси и докажани показатели за внес на овошје и зеленчук – со цел да создадат уред доволно мал за да го носите на зглоб, а доволно моќен за да ги претвори сложените податоци за антиоксидансите во едноставни и корисни здравствени сознанија достапни за сите.

Предизвик #1: Како да се намали технологијата на лабораториските сензори
Од првиот ден, идејата за нослив уред што ја следи исхраната се соочи со јасна пречка: традиционалните методи за мерење на нивото на каротеноиди, како што е Раман спектроскопијата, иако се неинвазивни и прецизни, се потпираат на големи апарати кои не можат да се носат. Затоа, првата задача на тимот била да ја намали лабораториската технологија во сензор со големина на паричка.
По седум години строги тестирања и оптимизација од првиот прототип, тимот разви минијатурен сензор – револуционерна технологија која комбинира повеќеспектрални LED елементи со прилагоден фотодетекторски низ за прецизно читање на каротеноидите во компактен формат.
„Нашиот пробив беше интеграцијата на рефлектантната спектроскопија со LED елементи, што ни овозможи да ја намалиме технологијата, а притоа да ја задржиме високата прецизност,“ објаснува Џинјонг Парк, инженер за развој од Samsung тимот за дигитално здравје.
За разлика од ласерите, кои емитуваат остра и тесна бранова должина, LED елементите емитуваат поширок спектар на бранови должини. Анализирајќи колку светлина кожата апсорбира на различни должини на бранови преку фотодиоди, паметниот часовник ја проценува количината на каротеноиди со импресивна точност. Напредни алгоритми кои континуирано се калибрираат во реално време дополнително ја поддржуваат прецизноста, овозможувајќи персонализирани увиди за секој корисник.

Предизвик #2: Како да се обезбеди достапност на технологијата за сите
Создавањето сензор со големина на паричка беше огромен чекор напред, но следниот предизвик беше да се обезбеди негова доверливост и точност кај сите типови кожа, правејќи го навистина достапен за секого.
За да се надминат проблемите како влијанието на меланинот кај потемните тонови на кожа, инженерите во Samsung одлучија мерењата да се вршат преку врвот на прстот, бидејќи тој содржи најмала количина на меланин кај сите етнички групи. Додадоа и едноставно подобрување – лесен притисок на прстот за време на скенирањето – што привремено го намалува протокот на крв и пречките од хемоглобинот, овозможувајќи уште попрецизни резултати.
Обемните тестирања спроведени во Samsung Medical Center опфатија стотици учесници и ја потврдија ефикасноста на сензорот. Со тоа беше отворен патот кон функција што непречено преминува од лабораторија во секојдневниот живот на корисникот, нудејќи инклузивно решение за сите.
Како функционира
Каротеноидите се природни црвени, жолти и зелени пигменти присутни во овошјето и зеленчукот. Бидејќи нашето тело не може само да ги произведе, нивото на каротеноиди во организмот претставува јасен показател за внес на овошје и зеленчук.
Затоа, резултатот на вашиот Антиоксидативен индекс (Antioxidant Index) ја покажува количината на каротеноиди во телото, распоредена според следниве категории:
- Многу ниско: помалку од 50% од дневната препорака на СЗО од 400g дневно.
- Ниско: помеѓу 50% и 100%.
- Оптимално: 100% или повеќе.
„Каротеноидите во кожата постепено се метаболизираат и се таложат во ткивата, па затоа краткорочните промени во внесот на овошје и зеленчук не се одразуваат веднаш во резултатите,“ објаснува д-р Хјоџи Џонг. „Нашите истражувања покажуваат дека зголемениот внес на каротеноиди доведува до значително зголемување на нивото во кожата по приближно една до две недели, што го прави Индексот вредна алатка за следење на доследни, долгорочни навики во исхраната.“
На резултатот влијаат и животни фактори како квалитет на сонот, нивото на стрес и физичка активност, па Индексот претставува балансиран показател за општото здравје. Во комбинација со другите функции на Samsung Galaxy Watch8, како што се Водич за сон, васкуларен притисок и Антиоксидативен индекс (Antioxidant Index), уредот нуди целосен увид во благосостојбата на корисникот и помага во донесување попаметни одлуки за поздраво стареење.
Вашето здравје, осмислено повторно
„Новите сензори во носливите уреди можат да им помогнат на луѓето да развијат здрави навики во исхраната, следејќи го и поттикнувајќи го доволниот дневен внес на овошје и зеленчук,“ изјави професорот Јунхо Чои од Samsung Medical Center. „Со текот на времето, оваа едноставна практика може да помогне во превенција на одредени облици на рак и други болести поврзани со стареењето, што е многу ефикасен начин за поддршка на долгорочното здравје.“
Антиоксидансите стануваат нов центар на истражувањата, но напредокот беше ограничен поради потешкотиите во нивното прецизно мерење. Антиоксидативниот индекс (Antioxidant Index) на паметниот часовник Galaxy Watch8 го надминува постојниот индустриски стандард и претставува значајна иновација.
Способноста на Samsung за прецизно мерење на нивото на антиоксиданси, препознаена од експертите како нов стандард за идни истражувања, претставува голем чекор напред во следењето на здравјето. Овозможувајќи им на корисниците рано да ги препознаат ризиците и да преземат проактивни чекори кон подобро здравје, Samsung го отвора патот кон попаметен, превентивен пристап кон здравјето и ја редефинира улогата на носливите уреди во превентивната медицина.


















