Скопје, 13 мај 2025 – Samsung го најави глобалното претставување на Odyssey OLED G6, првиот OLED гејминг монитор во светот со фреквенција на освежување од 500 Hz. Мониторот најпрво ќе биде достапен на пазарите во Сингапур, Тајланд, Виетнам и Малезија, а подоцна ќе биде лансиран и на други глобални пазари.
Со повеќе од шест години лидерство на светскиот пазар на гејминг монитори и двегодишна доминација во OLED сегментот, Samsung повторно ги поместува границите на гејминг перформансите со новиот модел Odyssey OLED G6.
„Samsung продолжува да го води пазарот на гејминг монитори преку револуционерни иновации што го менуваат начинот на кој ја доживуваме играта,“ изјави Хун Чунг, извршен потпретседател на одделот за визуелни дисплеи во Samsung Electronics. „Со моделот Odyssey OLED G6, првиот OLED гејминг монитор во светот со 500 Hz, нудиме ново ниво на слика, перформанси и гејминг-импресија за корисниците ширум светот.“
Неспоредлива брзина и извонреден квалитет на приказ
Моделот Odyssey OLED G6, со дијагонала од 27 инчи (модел G60SF), носи нов стандард за перформанси. Благодарение на екстремно високата фреквенција на освежување од 500 Hz, ултрабрзото време на одговор од 0,03 ms (GTG), како и QHD резолуцијата (2.560 x 1.440) базирана на QD-OLED технологија, овој монитор испорачува мазна, остра и брза слика – дури и во најинтензивните гејминг сцени.
Сертифициран од VESA DisplayHDR True Black 500, OLED G6 овозможува живописни бои и длабоки, автентични црни нијанси. Поддржува NVIDIA G-SYNC Compatible и AMD FreeSync™ Premium Pro, што овозможува мазна игра без треперење или прекини.

Дизајниран за интензивна употреба и прецизен визуелен израз
Odyssey OLED G6 е направен за гејмери што бараат врвни перформанси за време на долги сесии. Со максимална осветленост од 1.000 нита и Samsung Glare Free технологија, мониторoт овозможува минимални рефлексии и целосна фокусираност на играта.
Дополнително, OLED Safeguard+ технологијата го штити екранот од прегревање и изгорени пиксели при долготрајна употреба. Мониторот е исто така Pantone Validated, со висока точност на боја, поддржувајќи над 2.100 бои и повеќе од 110 нијанси на тонови на кожа од Pantone библиотеката.
Во комбинација со QD-OLED панелот, Odyssey OLED G6 овозможува извонредно реалистично и импресивно визуелно искуство што ја претставува креативната визија на гејминг авторите.
Повеќе информации се достапни на https://www.samsung.com/mk/monitors/all-monitors/?gaming-monitor.