Фото: Samsung

Скопје – 12 Август 2025 – Samsung Electronics Co., Ltd. денес го објави официјалното лансирање на Micro RGB – првиот дисплеј во светот со микроскална RGB LED позадинска осветлувачка технологија зад голем 115-инчен екран. Овој револуционерен модел воспоставува нови стандарди за точност на боите, контраст и имерзивно доживување во сегментот на ултра-премиум телевизори.

Micro RGB е изграден врз сопствената Samsung Micro RGB Технологија, која распоредува индивидуално контролирани црвени, зелени и сини micro RGB LED диоди и секоја е помала од 100 μm  во ултрапрецизен шаблон зад панелот. За разлика од традиционалното позадинско осветлување, оваа архитектура овозможува беспрекорна контрола на секоја LED диода за црвената, зелената и сината боја.

„Micro RGB постигнува невидено ниво на прецизност во контролата на микрометарските RGB LED диоди, подигнувајќи го стандардот за точност на боите и контрастот кај потрошувачките дисплеи,“ изјави Таејонг Сон, извршен потпретседател и раководител на R&D тимот во Visual Display (VD) бизнисот на Samsung Electronics. „Со ова лансирање го поставуваме стандардот во големоформатниот, ултра-премиум ТВ сегмент и ја зацврстуваме нашата посветеност на иновациите во дисплеј технологијата на иднината.“

Micro RGB е управуван од Micro RGB AI Engine, вештачко-интелигентен процесор кој во реално време ја анализира секоја слика и автоматски ги оптимизира боите за пореално и подинамично искуство. Со функцијата Micro RGB Color Booster Pro, системот ги препознава сцените со побледи тонови и интелигентно ги засилува боите во целата содржина за повпечатлива слика.

Фото: Samsung

Покрај тоа, технологијата Micro RGB Precision Color гарантира испорака на боите онака како што се замислени со прецизна контрола и 100% покриеност на BT.2020 стандардот за точност на боите, утврден од Меѓународната телекомуникациска унија (ITU). Дисплејот доби и „Micro RGB Precision Color“ сертификација од германскиот институт VDE.

Со Glare Free технологијата, Micro RGB минимизира одблесоци дури и во силно осветлени простории, нудејќи покомфортно и пофокусирано гледање. Ултратенкиот метален дизајн со минималистички линии лесно се вклопува во секој ентериер.

Интегрираниот Samsung Vision AI носи најнови AI технологии за слика и звук, како и паметен Bixby гласовен асистент поткрепен со генеративна вештачка интелигенција, кој овозможува поконверзациско и персонализирано искуство без да се напушти екранот.

Micro RGB е заштитен со Samsung Knox водечко безбедносно решение за заштита на чувствителните лични податоци, и е опфатен со програмата за 7-годишна бесплатна Tizen OS надградба, гарантирајќи долгорочни софтверски подобрувања и поддршка.

По премиерата во Јужна Кореја, Micro RGB ќе биде достапен и во САД, а потоа и на глобално ниво, со повеќе големини во понудата за да се задоволат различните потреби на корисниците.

Повеќе информации за Micro RGB: https://www.samsung.com/mk/.

Претходна статијаКорисник поднесе тужба против Microsoft поради завршувањето на поддршката за Windows 10
Следна статијаСтриминг со само еден клик: GLEY што и да посакаш преку Magenta TV