Дали вашиот мобилен телефон има моќна камера? Може ли батеријата на вашиот мобилен телефон да трае доволно долго за да го следи вашиот животен стил? Можете ли со сигурност да кажете дека вашиот паметен телефон има „топ“ екран? Ако одговоривте не на било кое од овие прашања, време е за нов телефон!

Новите „ Awesome “- Samsung Galaxy смартфони A72, A52 и A52 5G – во моментов се најкул уреди. Без разлика дали станува збор за објавување на совршено селфи на Инстаграм или снимање на следниот најголем хит на Тик Ток, вашиот паметен телефон Galaxy А е клучот за доминантност во светот на социјалните медиуми.

Зошто овие паметни телефони се толку популарни?

Покана до сите ТикТок и Инстаграм кралици  👑📱

Новите паметни телефони Galaxy A снимаат, фотографии и видеа во професионален квалитет, а разновидноста и моќноста на четири-јадрената камера од 64MP лесно ги доловува и најмалите детали. За да го направите вашето селфи навистина бомбастично, можете да користите до 30 различни филтри базирани на вештачка интелигенција за да собирате лајкови нон-стоп. Зошто да не ги користите сите филтри веднаш за  фантастично TikTok видео?

Збогувајте се со фотографиите кои имаат слаб квалитет

Снимете ги сите детали од ноќните сцени со помош на Night Mode опцијата. Доколку не сте сигурни дали сакате да снимите видео или фотографија во еден момент, снимете 4K видео и претворете го во фотографија со висока резолуција од 8MP со само еден допир благодарение на 4K Video Snap опцијата.

Уживајте во содржината

Дали сакате да видите што објавуваат другите кои користат висока резолуција и квалитетна фотографија? Овозможете си го  вашето време во прелистување на насловните страници на социјалните мрежи да стане вистинско задоволство, со Super AMOLED екранот кој има голема брзина на освежување до 120 Hz. И најдобриот дел! Веќе не мора да се грижите за уморни очи, врз основа на претходната употреба на вашиот паметен телефон, Eye Comfort Shield опцијата автоматски ја прилагодува температурата на бојата на екранот. Дури и кога не е активирана заштитата на очите, екранот ја намалува сината светлина на помалку од 12,5% без да го наруши квалитетот. Неверојатно, нели?

Конечно батерија што трае

Galaxy A72, A52 и A52 5G не само што се отпорни на вода и прашина, туку се дизајнирани со зголемен капацитет на батеријата што може да трае дури два дена. Ако сте го заборавиле полначот при патување, нема потреба од грижа за празнење на батеријата додека гледате YouTube.

Секој што не може без својот паметен телефон, знае колку често се случуваат ненамерни несреќи, што често резултира со пукнатини и гребаници на стаклото. Затоа, постои Samsung Care + опцијата со која можете да бидете целосно мирни за сите поправки на екранот, што дополнително доаѓа со продолжена гаранција и покритие за случајно оштетување.

Заборавете на вирусите – Samsung е посветен на вашата безбедност

Дали се плашите дека часови поминати на интернет ќе ви донесат малициозен софтвер на вашиот паметен телефон? Дали ви се допаѓа кога вашите приватни податоци се навистина заштитени? Samsung Knox опцијата на Galaxy A паметните телефони ги штити личните податоци во реално време. Дури и ако го изгубите вашиот паметен телефон, никој нема да може да ги отвори вашите профили на социјалните мрежи, или да преземе други вредни спомени и чувствителни податоци.

Погледнете сè што ви нудат новите паметни телефони од Galaxy А серијата и зошто се толку „Awesome“ на https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a-series/?product1=sm-a725fzkdeuc&product2=sm-a525fzkgeuc&product3=sm-a325fzbgeuc

Претходна статијаSamsung 2021 The Wall отсега достапен и во Македонија
Следна статијаПознатиот бренд OnePlus стана официјално достапен за македонските купувачи