Со AI-телефонот, Телеком им ги отвора вратите на своите корисници кон светот на вештачката интелигенција (AI), и тоа по единствена цена, со што AI станува достапна за сите – не само за технолошките фанатици или ентузијасти.
AI-телефонот и AI-таблетот пристигнуваат на пазарот како нови модели во серијата T Phone: T Phone 3 и T Tablet 2 и се достапни во телеком продавниците, од денес 14 август, 2025 година.
Практичен помошник во секојдневниот живот
AI- телефонот помага при многу различни задачи во секојдневниот живот на корисниците со што станува практичен помошник во секојдневниот живот. Со Perplexity асистентот, следува и вграден AI-придружник што одговара на прашања од секаков вид. Сето ова го прави телефонот:
- Личен асистент: прави записи во календарот, пишува е-пошта до контактите и сумира обемна содржина
- Јазичен гениј: помага со преводи на менија во ресторани, документи или во разговори
- Ексклузивна туристичка агенција: планира патувања, делува како градски водич, прави резервации во ресторани
- Нутриционист и тренер: дава совети за готвење, наведува состојки, обезбедува планови за тренинг и за исхрана
- Експерт за купување: препорачува стилски додатоци, ги наоѓа најдобрите понуди и подароци за најблиските
- Забавувач: ги наоѓа најдобрите концерти, книги и филмови што одговараат на личниот вкус на корисникот
- Тутор: решава математички проблеми, објаснува комплицирани теми на лесно разбирлив начин

AI асистентот обезбедува информации за барања, содржина на екранот и предмети пред камерата. Прашањата можат да бидат поставени како говорно, така и во писмена форма. Покрај интернет истражувањето, асистентот извршува и разни задачи (на пример, записи во календарот, е-пошта, повици, пораки, навигација, видеа) преку интерфејси до претходно инсталирани апликации.
„Заедно со доверливи партнери, го носиме AI-телефонот до луѓето низ цела Европа. Тој се грижи за секојдневните задачи и брзо наоѓа сигурни информации, заштедувајќи ви време и енергија. Така можете да се фокусирате на она што ви е навистина важно – каде што вашите идеи, креативност и личен печат прават вистинска разлика“ – изјави Доминик Лерој, член на Управниот одбор на Дојче Телеком за Европа.
AI-телефонот и AI-таблетот се лансирани во: Македонија, Австрија, Хрватска, Чешка, Германија, Грција, Унгарија, Црна Гора, Полска и Словачка.
Перформанси
AI-телефонот и AI-таблетот пристигнуваат на пазарот како нови модели во серијата T Phone: T Phone 3 и T Tablet 2. Телефонот е моќен уред по неспоредлива цена. Со своите големи димензии и технологија на екран прилагодена за очите, овозможена од TCL NXTPAPER, и со три вградени режими на екран (Ink paper (хартија со мастило), Colour paper (хартија во боја) и стандарден режим), AI-таблетот е дизајниран за продуктивни и креативни моменти како што се читање, учење, работа. Уредите импресионираат со брзите перформанси благодарение на надградениот чипсет и пократкото време на полнење.
Покрај тоа, AI-телефонот вклучува модерни AI-алатки коишто се интегрирани во камерата. Преку партнерството со Picsart, може да се креираат AI-аватари, а позадините на сликите лесно можат да се уредуваат. На пример, ако некој предмет во позадината ја нарушува сликата може да се отстрани или селфито може да се трансформира како да е направено во Париз. Друг позитивен елемент е одржливоста на уредите. T Phone 3 ја доби ознаката #GreenMagenta и одлична оценка од 90/100 во Еко-оценката на смарт телефони. T Tablet 2 е добар пример за циркуларна економија: 75% од неговиот заден дел се состои од рециклирана пластика по потрошувачката.
AI е иднината на смарт телефоните
IDC предвидува дека до 2028 година, испораките на смарт телефони со генеративна вештачка интелигенција ќе достигнат 912 милиони единици, што резултира со годишна стапка на раст од 78,4% од 2024 до 2028 година. Се предвидува дека смарт телефоните GenAI ќе сочинуваат 70% од пазарот до 2028 година (извор: IDC). Canalys го објаснува предвидениот бум со растечката побарувачка на потрошувачите за функции поддржани од вештачка интелигенција, паралелно со брзиот напредок во технологиите за чипсет (извор: Canalys).
Меѓу европските потрошувачи мотивирани од функциите на вештачката интелигенција, најпосакуваните функционалности вклучуваат: превод во реално време, подобрувања на камерата и функционалноста за пребарување Circle to Search (извор: Kantar Worldpanel ComTech) – сите три се достапни на AI-телефонот на Дојче Телеком.
AI-телефонот и AI-таблетот се во продажба од денес, 14 август 2025 година, во продавниците на Телеком или онлајн на следниот линк . Тие се достапни под имињата T Phone 3 и T Tablet 2.