adobe-flash-player-logo

Минатиот викенд беше извршен хакерски напад на Hacking Team, иронично, компанија која што се занимава со развој на малициозен софтвер, односно софтвер за следење на комуникациите за владите.

Од компанијата биле украдени податоци во количина од 400 GB, а меѓу другото и податоци за пропуст во Flash Player софтверот од Adobe. Пропустот е во категоријата на критични закани и потенцијално може да му овозможи пристап до компјутерот на напаѓач при посета на малициозна веб страна.

Пропустот ги опфаќа сите платформи каде што е достапен софтверот, односно на Windows, Mac OS и Linux. Верзијата која што е подложна на пропустот е 18.0.0.194 или некоја од постарите.

Според информациите, пропустот веднаш бил предмет на злоупотреба по излегување во јавноста, па беше најавена брза закрпа од страна на Adobe.

Закрпата е издадена во форма на надградба на верзијата на Flash Player и истата треба автоматски да се инсталира доколку така ви е прилагоден процесот на надградба. Новата верзија исто така можете да ја симнете преку страна на Adobe преку следниот линк или преку Windows Update за Internet Explorer.

Извор: Ars Technica, Mashable

Претходна статијаБлагодарение на новостите во понудата, Xerox го забрзува растот на приходите на овластените партнери
Следна статијаMicrosoft ќе отпушти 7800 работници од мобилната дивизија, но и натаму ќе прави смартфони!
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.