Една од најдобрите можности на мобилната апликација од YouTube е можноста да видеото што го гледаме продолжи, во намален формат на долниот дел од екранот, додека пребаруваме по апликацијата за некое друго видео за гледање.

Со ова се овозможува непрекинато гледање на содржина на оваа мрежа, организирано по редослед на гледање како што му одговара на секој корисник.

После повеќе месеци на тестирање, оваа можност е префрлена и на десктоп, односно на YouTube страната која ја отвораме преку интернет прелистувач на десктоп компјутерите.

Истата не се вклучува автоматски како на мобилната апликација, па за таа цел е додадено нов копче, веднаш до тоа за гледање на целиот екран. Кога ќе се притисне ова копче, видеото се намалува е префрлува на долниот десен агол од прелистувачот.

Оваа нова можност е наречена „miniplayer“ и по нејзиното вклучување, може слободно да се продолжи со сурфање на YouTube страната и да се бара нешто друго за гледање.

Самиот плеер го има насловот на видеото, како и контроли за „премотување“ и пуштање на наредната содржина од плејлистата. По вклучување на плеерот, YouTube се враќа на главната страна или на последната страна која е разгледувана.

Како и секогаш, оваа нова функција може да биде постепено пуштана, па да не можете веднаш да ја видите. Тоа значи дека ќе ви стане достапна во неделите што следат, па проверувајте од време на време.

ИЗВОР9to5Google
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаNetflix ќе овозможи интерактивно гледање на содржина – Black Mirror ќе биде првата серија која ќе го овозможи тоа
Следна статијаGoogle воведе нови правила за екстензиите во Chrome
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.