Најпопуларната платформа за споделување видео содржини YouTube најави дека воведува нови функции кои ќе имаат влијание врз Live broadcast делот. Промените вклучуваат можност за прелицирање во вистинско време, автоматизиран превод и низа други естетски елементи.

Најпрво и најважно е да се спомене воведувањето на можноста за зачувување на репликите на Live видеата. Коментарите на гледачите ќе се појавуваат во текот на видеото, соодветно на моментот во кој биле поставени додека течел преносот. На тој  начин дури и некој кој го нема следено во живо преносот ќе може да биде во тек со разговорот кој се водел помеѓу публиката и личностите од видеото. Дополнително, Live видеата ќе добијат автоматизиран превод. Ова е функција која ќе ги направи ваквите видеа интересни за што поголема група на гледачи. Во секој случај, преводот не може да се земе како 100% точен, од проста причина што зад него стои AI алгоритам.

Помеѓу останатите поситни промени е воведувањето на ознака за локација на Live и прикачените видеа. Тоа ќе ја олесни и претрагата на видеа кои се снимани на одредено место или локација. Останатите измени се во делот на Super Chat и начинот на комуникација помеѓу следачите и креаторот на видеото. Паралелно со тоа Super Chat беше претставен и за корисниците на iOS. Истиот до сега беше достапен само за корисниците на desktop и Android уредите.

ИЗВОРPC Mag
ИЗВОР 2YouTube
Претходна статијаSamsung ќе го промени името на Galaxy серијата
Следна статијаLG G7 забележан на саемот во Барселона