Јутјуб е платформа на која можеме да поминеме безброј часови гледајќи видеа со слатки животни, и видеа со луѓе како прават екстремно глупави работи. Но, на Јутјуб исто така постојат многу канали кои се едукативни, смешни, инспиративни и мотивирачки, само треба да се потрудиме да ги пронајдеме.

На листава нема да пронајдете канали кои уживаат огромна популарност или пак се „мејнстрим“. Но, каналите подолу нудат квалитетна содржина која вреди да се погледне.

Дајте им шанса, нема да зажалите.

  1. Casually Explained

Casually Explained нуди објаснувања и „совети“ за различни области, како на пример критичко размислување, мода, и флертување. Истите се прикажани на апсурден и „over the top“ начин. Меѓутоа, тоа го прави овој канал поинтересен и пооригинален од многу други канали. Само, немојте буквално да ги следите неговите совети.

  1. You Suck at Cooking

YSAC е навидум место каде што можете да научите како да зготвите некој вкусен оброк. Искрено, ова е еден од моите омилени канали. Нивото на хумор и интелигенција со кои е смислено секое видео е генијално. Некои од видеата се посмешни и подосетливи од многу долгометражни холивудски комедии. Дефинитивно внимавајте на овој канал, мислам дека ќе стане многу популарен наредниов период.

3. Eric Andre Show

Ако сте уморни од досадниот и „безбеден“ хумор на вообичаениот ток-шоу домаќин (Џими Фалон, Џими Кимел итн.), тогаш морате да го погледнете ова. Ерик Андре не внимава што говори пред своите гости, без разлика за кој се работи. Покрај тоа што нема влакна на јазикот, тој е далеку посмешен од своите повеќе познати колеги. Не сум сигурен дали гостите секогаш знаат во што се впуштаат кога гостуваат кај него. Во секој случај, резултатот е пресмешен.

Претходна статијаGIMP конечно ја претстави 2.10 верзијата од овој популарен едитор за слики
Следна статијаПреземањето на пиратска содржина останува „проблем“ во светот