Иако веќе одамна 16:9 форматот е стандардниот којшто се користи кај телевизорите, мобилните уреди и слично, сепак, се’ уште постојат видеа кои не се објавуваат во овој формат. Тука се старите видеа кои биле снимени пред 16:9 форматот, меѓутоа тука се и видеата кои се снимаат преку мобилен телефон, но во „портрет“ поставеност на уредот.

Треба да се земе во превид дека снимањето во портрет формат е нешто што е и доста популарно, а Instagram се реши да претстави апликација за видеа која функционира во овој формат.

Сепак, на YouTube, како што сигурно имате забележано повеќе пати, видеата кои не се во 16:9 форматот, се прикажуваат во истата форма на плеерот, а од страните се додава црна позадина, за да се пополни празниот простор кој останува.

YouTube на мобилните телефони веќе одреден период ја има оваа промена, а сега таа доаѓа и на десктоп. Се работи за прилагодување на плеерот на форматот на видеото. Тоа значи дека вертикално снимено видео, веќе нема да ја има црната позадина од страните, туку ќе биде прикажано целосно, односно самиот плеер ќе се прилагоди и ќе биде поголем.

Прилагодувањето на плеерот ќе се прави и според големината на екранот на корисникот којшто гледа, што значи дека од YouTube ќе се обидат да го овозможат најдобриот формат којшто е достапен за одреден корисник.

Мала промена има и во прикажувањето на 16:9 видеата. Тие ќе бидат нешто поголеми, односно ќе се стави уште поголем акцент на самото видео, на сметка на текстот којшто се прикажува под секое видео.

Промените се веќе започнати, па би требало сите корисници да ги гледаат, ако не веднаш, тогаш во деновите и неделите што следат.

ИЗВОРAndroid Police
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНСА уште си нема зачистено „по дома“
Следна статијаНе постои совршена безбедност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.