Google реши да ги замени прибелешките со подобри на изглед и подобро организирани интерактивни карти уште на почетокот на минатата година со тргање на можноста за додавање на нови прибелешки, односно annotations. Тоа беше најава дека овие информативни прибелешки ќе бидат отстранети, но не беше најавено кога.

Инаку, за потсетување, прибелешки се оние “квадрати” кои се појавуваат на било кој дел од видеото и содржат одредена информација и/или линк. Обично се корисни за додавање на некоја информација која е заборавена за време на снимање на видеото, меѓутоа имаа лош дизајн и често пречеа во нормално гледање на видеото поради често појавување.

Истите целосно ќе ги снема од YouTube видеата заклучно со 15 јануари 2019 година. Тоа значи дека повеќето креатори ќе треба да се осигураат дека информациите кои сакаат да ги пренесат до своите гледачи се ставени во новиот формат на интерактивни карти, кои и овозможуваат многу повеќе можности.

Мене лично ми е мило што веќе ги нема овие прибелешки кои ретко ми се нашле како корисни.

ИЗВОРGoogle
ИЗВОР 2PCMag
Претходна статијаCIMON е првиот AI асистент испратен на Меѓународната Вселенска Станица
Следна статијаBrainster наполни 3 години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.