Xmarks, доколку не ви е познато името, е сервис којшто овозможува синхронизација на вашите омилени страници (bookmarks) помеѓу повеќе прелистувачи. Ова е посебно погодно доколку користите повеќе прелистувачи, односно немате еден кој ви е главен.

Со достапност на додатоци за повеќето познати прелистувачи, како и за мобилните платформи, овој сервис посебно корисно се покажа во времето пред прелистувачите да воведат сопствени системи за синхронизација.

Сервисот е инаку во сопственост на LastPass, компанија која го има еден од најпознатите сервиси за синхронизација на лозинки. Тие, поточно мајката компанија Log Me In, реши дека развојот на овој додаток веќе не е исплатлив, па истиот ќе биде прекинат заклучно со 1-ви мај оваа година.

Оваа одлука воопшто не е чудна кога ќе се земе во предвид фактот дека веќе подолг период развојот на сервисот не го задржа потребното темпо, односно не се воведуваат некои посебни новини и унапредувања.

ИЗВОР 2ghacks.net
Претходна статијаCloudFlare го пушти нивниот 1.1.1.1 DNS сервис со кој најавуваат поголема брзина и приватност за корисниците
Следна статијаFacebook Container од Mozilla – „Изолирајте“ ја вашата активност на интернет од следењето на Facebook
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.