Доколку барем малку имате некаква работа поврзана со веб страни, сигурно не само што имате слушнато за WordPress, туку сигурно веќе имате работено на оваа платформа. За тие кои немале можност да се запознаат, се работи за систем за менаџирање на онлајн содржина, кратко кажано. Овој систем со текот на годините прерасна во вистинска платформа која ги надмина границите на првичната намена. Дополнета со додатоци, готови веб страни, развој од страна на заедницата, поддршка…

Според статистиките направени од страна на W3Techs, WordPress денес се користи во дури 30% од сите веб страни. Со оглед на развојот на платформата која овозможува скоро секој да може да направи сериозна веб страна, без потреба од познавање на некој програмски јазик, очекуваме дека оваа бројка ќе продолжи да расне во годините што идат.

Пазарен уделПромена од 1 февруари 2018Удел на конкретниот пазарПромена од 1 февруари 2018
WordPress30,0%+0,6%60,2%+0,2%
Joomla3,1%6,3%-0,1%
Drupal2,2%4,4%-0,2%
Magento1,2%2,4%-0,1%
Shopify1,0%+0,1%1,9%

Што се однесува до процентот на WordPress во споредба со другите вакви платформи, водството е убедливо. Пазарниот удел изнесува 60%, а конкурентите како Joomla, Drupal и слични, не се ни блиску до овој процент.

Треба да се напомене дека во процентите на WordPress, покрај веб страните кои корисниците сами ги хостираат, односно ја користат платформата само за развој на истата, влегуваат и корисниците на wordpress.com платформата за блогирање.

Ова е одлична вест за платформата која гарантира дека развојот и напредокот нема да застанат ни во иднина. Ние лично со интерес следиме што следно ќе излезе на WordPress што ќе овозможи уште полесно и напредно развивање на веб страни.

ИЗВОРVB
ИЗВОР 2W3Techs
Претходна статијаGoogle ја промовираше Hangouts Chat платформата
Следна статијаРСБСП: Дали жените навистина се небезбедни возачи? Што покажува статистиката?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.