WordPress,платформата која започна како платформа наменета за блогови, иако и денес е еднаод најпознатите на тој план, сепак прерасна во многу повеќе од тоа. Огроменброј на секакви видови на веб страни се креирани преку оваа платформа, а заистата има и огромен број на додатоци и теми за изработка на страни, како ицелосни платформи кои овозможуваат напредно креирање на страни.

Минатата недела беше пуштен WordPress 5.0 кој доаѓа со досега најголемата промена во едиторот, најважниот дел за тие кои редовно креираат нова содржина.

Иако новиот едитор има и нешто поразлична поставеност и изглед од претходно, сите прилагодувања сега се поставени на десната страна, сепак главната промена доаѓа преку новите блокови.

Блоковите се новиот начин на којшто се внесува содржината во едиторот, а тие овозможуваат многу поголема флексибилност при менувањето и прилагодувањето на содржината. Секој наслов, текст, слика, видео и друго, се прикажува како посебен блок кој може да се менува, преместува и слично.

Она што е добро со овој нов систем е што секој може да креира блокови, па сигурни сме дека со тек на време изборот од блокови кои ќе можат да направат разни работи, ќе станува се поголем.

Новиот едитор беше достапен во форма на додаток во претходната верзија од WordPress, наречен Gutenberg, па корисниците беа во можност да го тестираат пред неговото официјално пуштање како главен и стандарден едитор на платформата.

Како и секогаш, има голем број на корисници кои сакаат да продолжат да го користат својот производ на начинот на којшто се навикнати, па новите промени не ги интересираат или им треба повеќе време да ги прифатат. За овие корисници достапен е додаток којшто го враќа стариот едитор, а додатокот можете да го симнете преку овој линк.

Најновата верзија од WordPress е достапна прекуWordPress.org страната за тиекои својата страна сами ја хостираат, а доколку веќе ја користите платформата, надградбата веќе ви е достапна преку Updates делот и можете да ја инсталирате.

ИЗВОРWordPress.org
Претходна статијаШто е Божиќ без маратон од слатки филмови?
Следна статијаВидеата на главната страна на YouTube на мобилните апликации автоматски ќе се вклучуваат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.