Доколку не сте знаеле, кодек е софтвер кој врши компресија врз аудио и видео датотеки (и други типови на датотеки кои не нè интересираат моментално) со цел да се намали големината на датотеките без да се изгуби многу од квалитетот.

VP9 е еден од тие револуционерни кодеци кои ја менуваат играта. VP9 во споредба со претходниот кодек кој беше употребуван од страна на Youtube го намалува протокот на податоци за половина (што значи помалку сообраќај Ви троши едно видео), а го подобрува квалитетот.

Се ова се случува бидејќи кодекот почнува да работи многу попаметно, наместо да генерализира кодекот дедицира поголем проток на податоци на деловите кои се во фокус (односно кои се остри и имаат повеќе детали) додека матните делови добиваат помал проток и со тоа се подобрува визуелното искуство.

Од друга страна со активно анализирање на сцените и движењата се намалува непотребниот проток на податоци и целокупното видео зафаќа помал простор за ист или подобар квалитет во споредба со старата верзија на кодекот.

Тоа значи дека со протокот на податоци со кој досега сте гледале видео во ниска резолуција (240p) сега ќе гледате 360p или 480p зависно од видеото.

Повеќе од 25 милиони видеа се прегледани со овој кодек и подобрувањата се од околу 50%.

Извор: YouTube

Претходна статијаШто сè содржи „Темната мрежа“?
Следна статијаFacebook Messenger достапен како посебна веб апликација