Twitter
Twitter

Според пишувањето на Sky News, социјалната мрежа Twitter би можела наскоро да ги забрани рекламите за крипто валути. Забраната се очекува да стапи на сила за 2 недели. Опфатени со неа ќе бидат реклами за речиси сите крипто валути. Тоа ќе значи дека Twitter ќе се приклучи во друштвото на Facebook и Google кои од неодамна постапија идентично.

Во последно време рекламите за тргување и копање на крипто валути буквално можат да се најдат на секој чекор. Интернетот е преплавен со реклами кои нудат лесна и брза заработка без големи вложувања. Токму ваквиот начин на брзо ширење на информациите од оваа сфера создаде плодна почва за измами и злоупотреби.

Крипто валутите создаваат паника кај банкарите кои се погласно бараат државна интервенција и законско регулирање на истите. Можеби интернет гигантите на овој начин практично лобираат за тоа да се случи што поскоро. За споредба, Facebook воведе слични рестрикции во јануари. Од друга страна Google планира целосно да ги имплементира мерките до јуни годинава.

ИЗВОРMashable
ИЗВОР 2Sky News
Претходна статија„НЕОТЕЛ“ со нова промотивна понуда за оптичките пакети
Следна статијаWindows 10 надградбите во идните верзии ќе се инсталираат за пократко време