Одлична нова алатка од вработени во Google, кои преку проектот Area 120 во компанијата, развиваат сервиси во свое време, користејќи ги ресурсите на компанијата. Еден пример за проект излезен од Area 120, не толку одамна, е апликација Grasshopper која ги учи корисниците да програмираат.

Turing Bird е направен во форма на веб страна која е прилагодена како за десктоп, така и за мобилните уреди. Она што веднаш за забележува на оваа страна, која можете да ја отворите на turingbird.com, е нејзиниот дизајн кој е навистина одлично направен.

Кога дизајнот е одлично направен, лесно може да се очекува дека и функционалноста е на добро ниво. Страната моментално нема голема бројка на градови, па сега може да се најде инфо за 20 градови, но сигурно со тек на време ќе се додаваат нови.

При отворање на одреден град, може да се најдат повеќе корисни информации. Па така, достапни се познати места кои вреди да се посетат, достапни се одредени активности кои може да се прават, но достапни се и тури кои може да се резервираат, како и одредени совети.

Сите информации кои се достапни на страната се направени од страна на стручни лица од областа и се истакнува дека некои од информациите и советите, може да ги изненадат и локалните жители.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаQualcomm го претстави Snapdragon Wear 3100 чипот наменет и развиен специјално за паметните часовници
Следна статијаСТАВ за анонимноста на Интернет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.