Од крајот на минатата година во рускиот парламент се разгледува предлог закон наречен Digital Economy National Program кој треба да биде донесен оваа година. Овој закон ја има поддршката од повеќето интернет провајдери, интернет бизниси, од ко-основачот на Kaspersky и најважно од претседателот Путин.

Целта на овој закон е да овозможи независност на Русија во случај на исклучување на земјата од светската интернет мрежа. До ова би можело да дојде поради се почестите обвинувања од страна на западот дека голем дел од „сајбер“ нападите доаѓаат од Русија.

Тест којшто треба да покаже што би се случило со интернет сообраќајот и корисниците при исклучување од светската мрежа и функционирање само преку Руски сервери, треба да се одржи до април оваа година.

При исклучување од светската интернет мрежа интернет провајдерите треба да го пренасочат целиот собраќај локално, ни и преку владината институција за регулирање на телекомуникациите Roskomnadzor.

Второто предизвикува и сомневање за крајната цел на законот за којшто се верува дека има за цел да целиот интернет сообраќај и кога не е исклучена светкста мрежа, се пренасочува низ Roskomnazor. Ова се споредува со кинеското филтрирање на интернетот за кинеските корисници.

Руските инженери ќе треба да направат и локални DNS сервери со цел нормално продолжување на интернет сурфањето во земјата, поради тоа што моментално ниту еден од овие сервери не е лоциран во земјата. Без DNS серверите, корисниците нема да можат да продолжат нормално да сурфаат, односно нема да може да ги отвораат страните со внесување на нивната адреса.

Русија веќе е доста независна кога е во прашање интернет мрежата. Тие имаат сопствена верзија за скоро сите познати светски сервиси, па поголемиот дел од корисниците во оваа земја веќе повеќе зависат од руските сервиси, наместо од американските.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2BBC
Претходна статијаКако да останеш мотивиран: Goldilocks правило
Следна статијаВиз Ер Скопски маратон годинава ќе се одржи на 4-ти мај, датумот е поместен поради одржување на претседателските избори
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.