Интернет прелистувачите кои ги користиме денес се напредни апликации кои овозможуваат прикажување на сложена содржина составена од текст, слики, видеа, но и многу повеќе.

Целата „приказна“ започнува при крајот на 80-тите, поточно во 1989 година кога е поднесен првиот предлог за таканаречената програма „WorldWideWeb“ од страна на научникот од CERN, Тим Бернерс-Ли.

Програмата официјално е развиена и пуштена во декември 1990, по што е објавена и во јавноста.

WorldWideWeb интересно била развиена на познатиот NeXT компјутер. Овој компјутер бил направен од истоимената компанија која ја има направено Стив Џобс по неговото излегување од Apple во тој период.

Сурфањето во тоа време можете само да замислите како изгледало. Немало слики, видеа, а страните немале ни боја. Тие биле составени само од текст, со линкови до други документи. Во тоа време се користело за разгледување на големиот број на документи кои биле достапни во организациите како CERN.

За 30 годишнината од WorldWideWeb, неколку програмери и дизајнери од CERN направија веб верзија од првиот прелистувач, односно од WorldWideWeb прелистувачот. Тоа значи дека на овој линк можете да сурфате преку првиот прелистувач и да видите како би изгледале денешните страни во тоа време.

За да отворите некоја страна треба да го стартувате прелистувачот на копчето кое лесно ќе го забележите. Потоа, треба да притиснете на “Document”, па на “Open from full document reference”. Тука ќе ја внесете саканата адреса и ќе забележите дека прелистувачот ќе го прикаже само текстот од страната, а се разбира сето тоа нема да изгледа баш најдобро.

ИЗВОРGizmodo
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаDigiGirlz ги отвори портите на соништата на девојките во Скопје
Следна статијаMicrosoft Excel може да креира документ преку скенирање на слика од табела
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.