Во време во кое сме навикнати на конзумирање на содржини кои нема да ни одземат многу време, подкастите се наметнаа како категорија на забава која истовремено нуди и вредни информации и совети за себе-подобрување.

Без разлика дали сакате да се храните поздраво, да вежбате исправно, да се облекувате подобро, или пак да учите историја „there’s a podcast for that”.

Во последните неколку години се појавија илјадници нови подкасти од најразлични области. Подкастите се покажаа како профитабилни за подкастерите, но и привлечни за корисниците. Моето искуство вклучуваше долги патувања со автобус при што секојдневно се изнаслушав како Тим Ферис, Џо Роган и др. подкастери зборуваат со своите гости за биохакинг, подобро спиење, Кето исхрана и низа други интересни теми.

Оттаму, решив да ги споделам подкастите кои редовно ги слушам, и кои сметам дека на некој начин ќе ви донесат и вам нешто корисно во животот. Или пак, едноставно ќе може да утепате време додека се возите накај работа.

Monday Morning Podcast

MMP e подкаст на познатиот комичар Bill Burr. Ако не сте се запознале со неговиот стенд-ап, престанете со тоа што го правите во моментов и погледнете го ова видео. Човекот е генијален комичар, а подкастот е еднакво смешен како и неговиот стенд-ап.

На моменти претерува со неговите длабоки анализи на НФЛ или НХЛ натпревари. Но, и тогаш е интересен поради неговиот начин на кој зборува за која било тема.

10% Happier

Во последно време се повеќе станува важно да бидеме посвесни за начинот на кој реагирам на нашето стресно секојдневие.

Медитацијата се наметнува како алатка која помага во тоа подобро да реагираме на стресни ситуации, и го зголемува нашето дифолт ниво на задоволство и среќа.

Подкастот е креација на Dan Harris (ја препорачувам неговата книга со истиот наслов, одличен вовед во медитација). Тој разговара со автори, глумци, музичари и други професионалци на теми поврзани со свесност (mindfulness), медитација и како да ги примениме овие практики во нашиот секојдневен живот.

Ако се чувствувате како да ви е потребен вовед во оваа тематика, тогаш проверете го овој подкаст.

Optimal Living Daily

Секоја епизода од овој подкаст всушност е аудио-верзија на популарни написи од познати блогери.

Темите се шаренолики. Можете да ислушате епизода во која се говори за минимализам, а во наредната да научите како постепено да излегувате од својата комфорна зона.

Претходна статијаРеално или не: Вештачка интелигенција ќе ни бира претседател во иднина?
Следна статијаКаков е правниот статус на Биткоин во Македонија?