Можеби порано тоа не било толку често случај, меѓутоа во денешно време на интернет, скоро и да нема некоја работа која не е подложна на „крадење“. Доста луѓе често мислат дека тоа што ќе го најдат на Google Search, на пример, е слободно за преземање, како што е за читање.

Една од најчесто крадените работи на интернет се фотографиите, а посебно оние кои се направени од способни фотографи, со добро око и креативност ?. Ретките фотографии не треба ни да спомнеме колку се често предмет на крадење.

Го користам терминот крадење поради тоа што во нашата држава ретко преземањето на слики од интернет се сфаќа дека не е баш легална работа, освен за слики на кои е стриктно нагласено дека се наменети за бесплатна употреба.

Pixsy е сервис наменет за фотографите кои сакаат да знаат дали нивните слики се користат на некоја страна, без дозвола од нивна страна и се разбира бесплатно.

Доколку сервисот открие некоја страна каде е присутна сликата која корисникот ја има избрано за „следење“, се добива известување, по што може да се преземат одредени чекори. Сервисот дури нуди можност за испраќање на опомена до соодветната страна, како и тужење за штета, доколку се работи за таков случај.

Достапни се повеќе пакети според бројот на слики кои може да се стават за следење, како и бројот на опомени кои може да се пратат.

Доколку сте фотограф којшто бесплатното користење на вашите слики е нешто што е проблем за вас, можете да ја отворите страната на Pixsy и да ги разгледате достапните можности и пакети.

ИЗВОР 2LifeHacker
Претходна статијаГоце Симоноски: “Едно“ е обид да се одговори на сите оние прашања кои ние како деца сме имале смелост да ги поставуваме
Следна статијаМакпетрол официјалано ја отвори реновираната бензинска станица на граничниот премин Богородица
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.