Иако не ја истакна бројката, Microsoft потврди дека одреден број на корисници на нивниот Outlook.com имејл сервис биле загрозени од хакерски упад кој случувал во првите неколку месеци од оваа година.

Според информациите, загрозени и откриени биле податоците за најавување на веб мејл сервисот на вработен во техничката поддршка од компанијата. Со тоа, хакерите добиле пристап до одредени податоци за корисниците на сервисот, но од Microsoft нагласуваат дека тие немале пристап до целосните пораки, како и лозинките од корисниците.

Хакерите пристап добиле до имејл адресите на корисниците, имињата на папките, како и насловите од пораките.

Од Microsoft не истакнуваат за колкава бројка на корисници се работи, но тие кои се засегнати се известени преку посебна порака. Тоа значи дека доколку немате добиено, односно доколку не добиете порака, вашата сметка на била загрозена.

Овој, како и доста други примери, покажуваат дека иако се препорачува користење на сложени лозинки и дво-факторска автентикација, сепак сметките не секогаш се безбедни. Тоа посебно важи кога пристап до информациите се добива преку пробивање на сметка внатре во компанијата.

Пристапот до податоците траел од 1ви јануари до 28 март оваа година, а од Microsoft веќе го имаат спречено и затворено пропустот.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаИдејата и технологијата зад боите на новата Huawei P30 серија
Следна статијаPowehi е името на првата црна дупка која беше прикажана минатата недела
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.