Skype го претстави својот редизајн уште во 2017, иако тој претрпе повеќе измени за да дојдеме до верзијата која сега сите ја користиме.

На почеток замислата на Microsoft беше да го направи Skype повеќе сличен на Messenger, односно со функциите кои добија на популарност од Snapchat апликацијата.

Сепак, Skype корисниците покажаа дека не ги сакаат овие функции, па за среќа повеќето беа тргнати, а денешната верзија го задржува акцентот на разтоворите, со новиот и според мене подобар кориснички интерфејс.

Овој нов интерфес, како и новите функции, конечно доаѓаат на веб верзијата од сервисот до која може да се пристапи преку web.skype.com.

Она што е чудно, е што новата веб верзија од Skype сега работи само на Google Chrome и Microsoft Edge. Прелистувачите кои се направени на најновата верзија од Chromium исто така можат да ја користат.

Останатите, односно Mozilla Firefox, Apple Safari, па дури и Opera, иако е направен на Chromium, нема да можат да ја користат веб верзија од Skype.

Инаку, веб верзијата сега изгледа исто како и декстоп, односно и мобилната верзија и ги има истите можности, како и изглед. Тоа значи дека корисниците сега и преку веб ќе можат да прават HD видео повици, да проверуваат известувања од разговорите, да пребаруваат во разговорите, како и да разгледуваат галерија од испратените слики во разговорите на едно централно место.

Веб верзијата од Skype секако повеќе е препорачана за места каде корисниците не можат или не им одговара да ја инсталираат целосната десктоп или модерна верзија.

ИЗВОРSkype
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаНовата визија на Фејсбук и пазарната дисциплина
Следна статијаДебата: Бесцелни работни позиции (1/2)
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.