лозинки

Светот кој не опкружува е полн со лозинки. Будалиот памети, паметниот запишува, меѓутоа, почесто се случува да се пронајдеме во првиот дел од поговорката. За да го избегнат ова многумина користат исти лозинки на повеќе места. Тоа во пракса е најпогрешната работа, но со надеж дека барем нема да ја заборават лозинката по кој знае кој пат.

Се би било одлично доколку лозинката е навистина уникатна и комплицирана, но резултатите покажуваат дека огромен број луѓе всушност користи иста лозинка. Погледнете ги најпопуларните лозинки за изминатата година и признајте си дека барем еден од нив се совпаѓа со некоја ваша лозинка.

На листата покрај генеричките „1234…“ се наоѓаат и некој од најпопуларните термини и изрази за оваа година. Па кога нареден пат ќе креирате сметка, сетете се дека хакерите често се служат со популарни термини од спортот или јавниот живот за да добијат пристап до нечии податоци.

Па, да ја видиме конечната листата:

1. 123456 (Апсолутен лидер со години)

2. Password (Прва придружничка)

3. 12345678 (1 место погоре од претходно)

4. qwerty (2 места погоре од претходно)

5. 12345 (2 места подолу од претходно)

6. 123456789 (Нов на листата)

7. letmein (Нов на листата)

8. 1234567 (Непроменето)

9. football (4 места подолу од претходно)

10. iloveyou (Нов на листата)

11. admin (4 место погоре од претходно)

12. welcome (Непроменето)

13. monkey (Нов на листата)

14. login (3 место подолу од претходно)

15. abc123 (1 место погоре од претходно)

16. starwars (Нов на листата)

17. 123123 (Нов на листата)

18. dragon (1 место погоре од претходно)

19. passw0rd (1 место подолу од претходно)

20. master (1 место погоре од претходно)

21. hello (Нов на листата)

22. freedom (Нов на листата)

23. whatever (Нов на листата)

24. qazwsx (Нов на листата)

25. trustno1 (Нов на листата ***мој личен фаворит)

Извори: Gizmodo, MacRumors

Претходна статијаUber сепак прогласен како такси сервис во Европа
Следна статијаInbox, успешна бизнис иновација на македонскиот пазар