Mozilla

Иако Firefox е многу побрз и посериозен конкурент на Chrome изминатата година, сепак, главната карактеристика која ја „бутка“ Mozilla е приватноста. Firefox е познат како прелистувач којшто не го следи сурфањето на корисниците, а исто така овозможува функции кои треба да го спречат следењето и од страна на другите страни, огласувачите и слично.

Неофицијално најавено веќе неколку пати и логично за организација како Mozilla, Firefox добива сопствен VPN сервис којшто дополнително треба да ја заштити приватноста на своите корисници.

Сервисот моментално е достапен преку повторно активираната Test Pilot програма на Mozilla и само за десктоп корисниците од САД. По пуштањето на официјалната верзија од Firefox Private Network, сервисот ќе биде достапен за сите корисници, а исто така и на мобилните.

Партнер на Mozilla за Firefox Private Network се познатите Cloudflare чии се и серверите кои ја прават мрежата. Со поврзување на сервисот, корисниците добиваат шифрирање на целиот сообраќај, а исто така и анонимност поради тоа што страните кои се отвораат, не ја добиваат точната IP адреса на корисникот.

За разлика од повеќето VPN сервиси кои се користат во главно за отворање на содржина која е блокирана во одредени региони, Mozilla својот сервис го промовира како начин за дополнителна заштита на приватноста при сурфањето.

Тие даваат примери дека Firefox Private Network е препорачано да се користи во ситуации кога се користат отворени Wi-Fi мрежи, како на пример на аеродромите и слично.

Се очекува дека сервисот ќе има и цена кога ќе биде пуштен, па доколку стане популарен, би бил одличен извор на средства на Mozilla кои моментално во главно зависат од нивниот конкурент Google.  

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.