Одењето на преглед во државното здравство веќе неколку години се прави преку закажување на термин преку познатата страна „Мој Термин“. Преку истата корисниците го избираат местото, болницата, одделението, како и докторот каде треба да одат на преглед, по што им се закажува времето на истиот.

Според анализите кои ги имаат направено од страна на „Мои Доктори“, 30% од специјалистите во Мој Термин немаат никаков слободен термин во моментот. Докторите отвараат малку термини и ги отвараат еднаш месечно, така ако новите термини се пропуштат се чека уште еден месец.

Токму од оваа ситуција доаѓа идејата, но и целта на новата веб апликација „Мои Доктори“ (https://moidoktori.mk). Во оваа веб апликација се внесува името на специјалистот и апликацијата сама проверува и ги известува корисниците кога нови слободни термини ќе се отворат на Мој Термин. Со тоа се ослободуваат граѓаните од постојано проверување и предвидување кога ќе се отворат термини.

Можеби и поважно, целиот процес станува транспарентен бидејќи секој добива ист пристап до информации, и се елиминира моментот каде луѓе блиски до докторите или администрацијата добиваат бенефициран пристап до термини.

За техничката реализација на идејата е заслужен Томас Воксеп (@tomaswoksepp) од Шведска, заедно со Љупчо Наумов.

„Бевме во контакт поради мојата магистерска работа на тема независни програмери. Бидејќи Томас заедно со неговата девојка постојано патуваат како дигитални номади, ги убедив да останат еден месец во Скопје. Откако пристигнаа, му ја презентирав идејата и веќе истата вечер имавме функционален прототип на апликацијата. Со повеќе недели работа и доста проблеми со мејлови, апликацијата денес е комплетно функционална и спремна за корисници.“ – истакнува Љупчо Наумов.

Претходна статијаFacebook воведува „Зошто ја гледам оваа објава?“ за подобро информирање на корисниците
Следна статијаНајава за можно претставување на првите „слики“ од црна дупка?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.