Shutterstock.com

Повеќето сервиси во денешно време, а посебно тие наменети за бизнис корисниците, нудат можност за вклучување на дополнителна заштита преку таканаречената повеќе факторска автентикација.

Оваа автентикација, која е повеќе позната како 2-факторска автентикација, овозможува внесување на дополнителен уред или дополнителен код по внесувањето на лозинката. Ова овозможува да не може да се добие пристап до сметката и покрај тоа што лозинката е дознаена или пробиена.

Најпопуларен и едноставен начин за користење на 2-факторска автентикација кај „обичните“ корисници е преку некоја од достапните апликации, како на пример LastPass Authenticator. Корисниците преку оваа апликација добиваат еднократен код при најавување на нивната сметка, а кај сервисите кои тоа го поддржуваат, истото може да се направи и само со потврда на известување.

Microsoft објави кратка статистика за тоа колку од нивните сметки се предмет на напади и истакна дека користењето на 2-факторска автентикација може да ги спречи 99.9% од овие случаеви.

Според нив, користењето на лозинки веќе не значи ништо, па веќе и мора да се користи некој додаден начин, а тоа посебно важи за компаниите. Проблемот е поголем кога на тоа ќе се додаде дека голем број од корисниците користат едноставни лозинки, а исто така ги користат на повеќето нивни сервиси, па пробивањето на еден од нив, ги отвора на напади останатите.

Microsoft одат и чекор понатаму, па почнаа со тестирање на најавување на Windows 10 без користење на лозинка, туку само преку некој од достапните биометриски начини, како отисок од прст или преку добивање на SMS порака.  

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаВикенд Медиа Фестивал без еднократна пластика
Следна статијаТим од научници развија „панталони“ кои го помагаат одењето и трчањето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.