Office сервисот, како и апликациите кои се дел од него, обично се нарекувани едноставно само со нивното име, односно Office, Word, Excel, PowerPoint и слично. Ова единствено не е случајот со онлајн, односно веб верзијата од Office, каде сервисот и апликациите ја имаат додавката „Online“.

Од компанијата решија да не ги издвојуваат овие верзии од Office од останатите, па овој сервис, без разлика каде е достапен, ќе го има едното и универзално име. Со тоа корисниците ќе знаат дека го користат овој познат сервис и неговите апликации кои се достапни на повеќето платформи.

Од Microsoft истакнуваат дека во одредени ситуации, кога е потребно точно нагласување и издвојување, може да го користат терминот Office for web, како што е случајот со, на пример, Office for Android.

Ова сигурно нема да им направи некоја разлика на корисниците кои ги користат веб верзиите од Office, меѓутоа дефинитивно ќе придонесе кон унифицирање на брендот и намалување на забуната.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.