Во оваа епизода ќе читаме за тоа како милијардер од Русија го хакирал своето тело и ум користејќи природни суплементи (и многу потрошени долари), зошто емпатија кон други луѓе е вештина која почесто треба да ја негуваме и ќе гледаме искрен трејлер за многу популарен филм.

Напис на кој често се навраќам

Имам 32 години и потрошив 200 илјади долари на биохакирање. Станав посмирен, послаб, екстровертен, поздрав и посреќен. Кога ќе наполниш 30 години, различно размислуваш за тоа како ги третираш своето тело и ум. Серж Фагует (или како и да се изговара Serge Faguet) е човек кој на 32 години решил комплетно да го трансформира својот организам. Во написот, тој ги сумира сите тактики и стратегии кои ги применил за да ја подобри својата физичка форма, да стане посреќен, посмирен и генерално поздрав човек. Иако тој потрошил 200 илјади долари да го постигне ова, голем дел од она што го применува можеме да го примениме и ние. На пример, тој редовно конзумира витамински суплементи (витамин Д, омега 3, магнезиум, креатин и повеќе други) кои се докажано полезни за нашето здравје. Тој исто така медитира, пости (три дена во неделата јаде само еден оброк), вежба и оди на психотерапија.

Напис кој заслужува да биде прочитан

Не е доволно да бидеш во право – треба да бидеш и љубезен. Егото често не насочува во непродуктивен правец кога дебатираме на која било тема. Ретко е да се сретне дуел помеѓу две личности кој нема да премине во искажување на лични навреди и омаловажување на „противникот“. Во овој напис Рајан Холидеј го изнесува аргументот дека емпатијата и љубезноста секогаш водат кон поубави нешта.

„Лесно е да испаднеш паметен. Понижување на оние што ќе направат грешка е исто така лесно. Но, ставањето себеси во нивните чевли, љубезно покажувајќи им го вистинскиот пат, разбирањето дека имаат емоционални и ирационални верувања исто како што и ти имаш емоционални и ирационални верувања – тоа е многу потешко.“

Интересно видео

Искрени трејлери – Ѕвездата е родена. После долго време, конечно го изгледав A Star is Born. Тажен крај, неверојатна глума од Купер и Гага, но филмот во целина не ми остави посебен впечаток. Honest Trailers имаат одлична епизода за филмот. Како и секогаш, тие се spot on за сите лоши и добри работи во филмот.

Претходна статијаNokia 7 Plus по грешка има испраќано информации до кинески сервер
Следна статијаМакпетрол АД добитник на три признанија во рамките на 6-от Регионален самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа (РСП) „300 БЕСТ“