Натусана Македонија, компанијата партнер на врвните германски брендови Лакалут, Доктор Тајс,  Алгасан и Pharmateiss Cosmetics лансираше своја онлајн продавница, преку која, овие познати брендови станаа достапни во македонските домови со само еден клик на zdravanavika.mk.

Следејќи ги трендовите во купувањето и растечкиот интерес кај македонските потрошувачи за онлајн нарачки, ова беше логичен чекор во развојот на дистрибутивните канали на Натусана, па по тој повод Васко Русевски, одговорниот за маркетинг и комуникации вели:

„Сметаме дека сега е вистинското време да го направиме овој чекор.  Натусана оваа година бележи јубилеј – 15 години на македонскиот пазар, период во кој континуирано растеше нашата понуда на производи со врвен германски квалитет, а големиот интерес на потрошувачите за нашите производи како пастите и четките за орална хигиена Лакалут, геловите и кремите за нега на мускули, зглобови и стапала Алгасан, производите на Доктор Тајс како што се сирупите и пастили Мукоплант и Мултивитамол, како и козметиката Pharmateiss беше сигнал за да ги приближиме производите уште поблиску до купувачите“.

Zdravanavika.mk е онлајн локацијата на која брзо, лесно и едноставно можете да направите нарачка на производите и каде наскоро потрошувачите ќе ги очекуваат многу поволности и попусти, како и специјално подготвени пакет-производи достапни за различни категории на потрошувачи, што ќе бидат достапни за купување само онлајн.

За секоја нарачка над 950 денари, доставата на производи е БЕСПЛАТНА низ цела Македонија.

Палетата на достапни производи за нарачка ги опфаќа следниве брендови: Алгасан, Лакалут, Доктор Тајс, Pharmatheiss cosmetics и  останати додатоци во исхрана.