Instagram е една од најголемите друштвени мрежи која кај одредена група на корисници е повеќе популарна и од Facebook. Кога ќе се размисли, тоа и не е толку чудно. Instagram е одлично место за „опуштање“ поради фактот што нема големи објави од пријателите кои нешто во моментот им текнало дека ги има изнервирано, на пример, па и ние да „мора“ да ја читаме нивната драма ?.

Со оглед на тоа што видео содржината станува се повеќе популарна, на Instagram исто така е голем дел од објавите, иако се работи за друштвена мрежа базирана на објава на слики, не е воопшто чудно од компанијата да почнат да размислуваат како да станат подобри и во овој дел.

Порталот TechCrunch ја пренесува информацијата добиена од нивни извори, според која Instagram планира сериозно да навлезе на пазарот на видео содржина. Тоа ќе го направи со овозможување на објава на видеа со поголемо времетраење од моменталните 60 секунди.

Иако и обичните корисници ќе ја имаат можноста да објавуваат подолги видеа, сепак оваа нова можност на мрежата ќе биде повеќе наменета за креаторите како што се тие на YouTube. Во основа, видео содржината која е подолга нема да може да се сними само со камерата на телефонот и веднаш да се објави на мрежата. Истата ќе мора да биде претходно снимена, односно се гледа дека целта на Instagram е да ги донесе „аматерите“ од YouTube на оваа платформа.

Од  TechCrunch истакнуваат дека немаат информација за тоа како Instagram планира да ја интегрира оваа новина на нивната мрежа. Дали ќе стане дел од Explore делот, дали ќе добие посебен дел или па ќе биде претставена целосно нова апликација за оваа намена.

Како и да е, Instagram веќе се користи за објава на интересни видеа, па официјализирање и унапредување на овој дел е логичен чекор, а корисниците кои се блиску до 1 милијарда, сигурно ќе го прифатат позитивно.

ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаQualcomm го претстави Snapdragon 850 наменет специјално за „Always on“ Windows 10 компјутерите
Следна статијаНеофицијални „рендери“ го покажуваат изгледот на Galaxy Note 9
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.