За правите љубители на астрономијата, базата на податоци која ја има NASA сигурно е една од поинтересните работи кои може да се разгледуваат и проучуваат. Иако NASA веќе одамна сликите, видеата и аудио содржината, ги има на интернет, како што истакнуваат од Ars Technica, оваа база на податоци била „раштркана“ низ поголемиот број на страни во сопственост на оваа вселенска агенција.

Поради тоа, наоѓањето на нешто што му е потребно на некој, па и чисто од љубопитност, не било баш лесна задача и потребно е познавање на работата на агенцијата за да се знае на која страна да се побара.

Од NASA веќе еднаш се имаат обидено да базата која ја имаат ја унифицираат и направат лесно достапна за корисниците од целиот свет. Тоа конечно им успева овие години, па со пуштањето на images.nasa.gov, сите астрономи, аматери, па и чисто ентузијасти, може многу лесно да ја пребараат целата база на агенцијата.

Страната е едноставно направена и со една цел. Лесно пребарување на достапните слики, видеа и аудио содржина. На главната страна централно место има полето за пребарување, а достапни се и сите најново додадени слики за сите кои сакаат да видат слики без некоја цел.

ИЗВОР 2Ars Technica
Претходна статијаЗаврши 11-тото државно првенство на бармени во Македонија
Следна статијаМоже да очекуваме iPhone SE2 од Apple порано од останатите модели за оваа година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.