Shutterstock.com

При крајот на минатата недела Microsoft потврди дека нивниот Outlook.com сервис бил пробиен од страна на хакери кои добиле пристап преку информациите за најавување на вработен во техничка поддршка.

Корисниците кои биле погодени од хакирањето, а од компанијата не истакнуваат за колкава бројка се работи, се известени преку посебна порака, а ова е и добар начин да знаете дали сте дел од таа група.

Според првичните информации од Microsoft, хакерите добиле пристап до податоците на почетокот од годината и го имале до крајот на март, кога е откриен случајот и исправен.

Исто така, од компанијата тврдеа дека хакерите имале пристап само до имејл адресите на корисниците, имињата на папките, насловите на пораките и слично, но не и содржината на самите пораки.

Сепак, хакирањето изгледа е посериозно од тоа што од Microsoft беа спремни да признаат. Извори на Vice Motherboard информираат дека хакирањето вклучувало и можност за читање на пораките од корисниците, а за тоа приложиле и слики како доказ.

Можноста за пристапот доаѓа од фактот што вработениот во техничка поддршка бил со поголеми привилегии, а иако често се негира, јасно е дека компаниите имаат пристап до пораките на нешифрираните сервиси.

Од Microsoft ја потврдија и оваа информација, но тврдат дека овие корисници се само околу 6% од вкупно погодените, иако повторно не ја истакнуваат вкупната бројка, која поради тоа делува дека не е толку мала.

Пристапот на хакерите бил само до сметките на обичните корисници, а бизнис корисниците останале безбедни.

Motherboard исто така истакнуваат дека пристапот до овие пораки бил искористен од страна на хакерите за ресетирање на заштитата на украдени iPhone телефони.

ИЗВОРMotherboard
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаHuawei Road Show се врати во Македонија со темата 5G is ON
Следна статијаGoogle ќе претстави нови Pixel телефони на 7 мај
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.